18 години поминаа, така што можеби некој заборавил, ама тука сме да потсетиме. Се случи на денешен ден во Бундеслигата и не се повтори, а главен актер е култниот Босанец Томислав Пиплица во дрес на Енерги Котбус против Борусија Дортмунд.
На 6. април 2002 година, голманот од БиХ го прими најсмешниот гол од кога се игра германската прва лига. Правеше и други киксеви но Германците го паметат по харизмата.