Со ваква криза како сезонава Томас Милер се соочи пред 2010 година. Паметите што бидна потоа? 20-годишниот напаѓач со специфично координирани движења во една сезона освои двојна круна со Баерн Минхен, беше меѓу најдобрите стрелци на Мундијалот а истовремено во Германија ги славеше сребрената салатара и Купот на Германија.
Тоа што му се случи на Милер во 2011-та, му се случува и сега, после шест години. Германскиот репрезентативец одново се соочува со лоша среќа, разочарување и тага во професионалната кариера.
Иако не делува како нешто необично, затоа што секој друг има падови, серии без голови и кревања, но на Милер му се гледа тагата поради тоа што четири месеци по ред не дал гол во првенството.
Томас делува депресивно затоа што освен голови, прослави, победи и титули од него никој не очекува ништо помалку.
Навивачите на Баерн се разочарани од неговата тековна статистика. Кога зборуваше за проблемите на Милер во неговото ток-шоу Doppelpass, познатиот германски водител Волф Фус (германскиот коментатор во играта FIFA), рекол дека претераното фаќање за врат на Милер ќе му донесе само штета:
„Во последните години можевме често да видиме како Милер дава важни голови дури и во моменти кога не се трудеше многу. Сетете се на минатогодишниот меч на Баерн во Лигата на шампионите против Олимпијакос. Обичен контакт го претвори во гол. Тоа е целата суштина во фудбалерот Милер: тој не мисли како ќе дава голови - тој дава голови“.
Минатата година во ова време Милер ја исполни својата норма по голови (13) и постави личен рекорд. Во просек секој четврти шут на Милер кон голот завршуваше во мрежата. Сезонава Томас го даде првиот и единствен гол после 32 обиди.
Милер секогаш пробува да игра на сигурно, не влегува многу во дриблинг и во потполност ги слуша барањата на тренерот. Можеби бедната ефикасност сезонава лежи во фактот што Милер не влегувал многу во реални шанси за гол.
Минатата сезона од првите 17 гол шанси, Милер дал 14. Во сезоната 2016/2017 имал многу помалку реални шанси (4).
Поранешниот германски репрезентативец Томас Штурнц за него изјави: „Интуицијата која толку долго беше главна предност на Милер сега го издава. Томас отсекогаш беше на местото каде буквално секунда му требаше да ја прими топката. Така беше во предност во однос на противничката одбрана, и потоа спокојно без борба го завршуваше нападот. Мислам дека во последно време го изгуби овој полезен квалитет“.
Околностите се такви што Милер сега го губи и стандардното место во првиот тим. Анчелоти се оддалечи од системот 4-3-3 и повеќе игра 4-2-3-1. Во оваа шема Милер никогаш не бил одвишок, но сезонава во составот на Баварците на неговата позиција (Германците ја нарекуваат hängende spitze) игра човек кој е најдобар не само во клубот туку и во целата Бундеслига.
Тоа е Тиаго Алкантара, најдобриот играч на Баерн во моментов. Шпанецот ја рашири фукнционалноста на полушпиц и може да покрива неколку позиции. Игра во нападот, но им помага и на Видал и Алонсо како главен плејмејкер.
Во времето на Луј ван Гал, Милер автоматски добиваше место во стартниот состав ако беше здрав. Анчелоти кога го презеде Баерн изјави дека работи со екипата а не со поединци. Томас просто мора да биде најдобар затоа што десно е Робен, лево Рибери и неверојатниот Бразилец Коста а напред најдобриот напаѓач во светот.
„Ако мојот тим има проблем со играта во комбинаторика, тоа директно влијае на мојата статистика. Не сум еден од оние кој може да помине пет играчи и да даде гол. Мене ми нужно да бидам дел од колективот“, изјави Милер неодамна.
Кај Милер има генерална линија по која тој се движи од меч во меч. Оваа група од пет-шест напаѓачки комбинации го доведе него до автоматизам. Проблемот на германскиот напаѓач е што ниту една од овие комбинации тој не е актер од прв план.
Првпат во последните седум години Милер се најде во ситуација во која сите околу него функционираат беспрекорно и без негово директно учество. Секако, Баерн ги сака и цени своите лидери. Но повеќе ги сака трофеите така што нема правила дека на некоја ѕвезда ќе му даде повеќе време да ја најде формата.
Не си спремен да му помогнеш на клубот да победува? Има такви кои ќе го направат тоа место тебе. Ако до вчера не можевме да го замислиме Баерн Минхен без Милер, денес не сме изненадени што првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите Милер го почна од клупата за резерви.