Луѓето од списокот се истите телохранители на турскиот претседател кои пред некое време ги шутираа курдските демонстранти во Вашингтон на само неколку метри од Ердоган.
Германски Велт пренесува дека предупредувањата се дадени и од германски пратеници за време на состаноци околу подготовките на јулскиот Г20 самит. Од германската полиција претходно соопштија дека странските земји немаат никакви суверени права на германска територија, и дека "странските колеги имаат право да реагираат само во само-одбрана".
"На нашите улици само хамбуршката полиција има овластувања и никој друг. Тоа ги опфаќа и странските безбедносни сили," ја пренесува Велт изјавата на тамошните политичари.
Турската амбасада до германското министерство за надворешни работи испратила список со 50 луѓе кои ќе го придружуваат Ердоган во Хамбург. На листата наводно имало и неколку луѓе кои биле дел од инцидентот во Вашингтон.
За време на самитот постои опасност и од судир меѓу бројната курдска популација во градот и радикалните десничарски турски организации кои функционираат во Германија.
Освен турско-курдскиот судир, германската полиција се подготвува за протест на околу 10.000 левичарски екстремисти за време на самитот кој ќе се одржи на 7 и 8 јули.
За судирот во Вашингтон пишувавме тука.