Гласањето на Турците во Германија за референдумот во Турција покажува колку се тие далеку од вистинско интегрирање во германското општество, пишува за Шпигел Хаснаин Казим.
„Колку и ида е тешко ова да се напише, не можеш да поддржуваш автократски систем, смртна казна, апсење критички новинари и затворање оопзиционери а истовремено да се жалиш дека во Германија не си доволно прифатен како Германец“.
Поради ваквите ставови и проценки Казим добил стотици меилови од свои сонародници со обвинувања дека сака да им се додворува на Германците.
„Она што тие не успеваат да сфатат е дека јас сум Германец. Тие го негираат германскиот дел од мојот идентитет исто како што тоа го прават германските ултра- десничари. Моите постојано тврдат дека се и Турци и Германци но но мислам дека никогаш вистински не се почувствувале како Германци“.
Со оглед на тесниот резултат на рефенрендумот, можно е дека токму гласовите од дијаспората беа клучни за успехот на Ердоган и неговите планови за менување на политичкиот систем на земјата. Но останува парадоксот дека Истанбул, Анкара и Измир гласаа против опцијата на Ердоган а Берлинг, Хамбург и Минхен „за“. Всушност сите 13 германски градови каде што Турците можеа да се изјаснуваат, се изјаснија за Ердоган.
Многумина Турци рекоа дека гласале за претседателски систем во стариот крај заради лошиот третман во Германија. И ја заокружиле таа опција знаејќи колку многу Германци се непријателски настроени кон Ердоган. Казим признава дека таквите аргументи треба да се сослушаат. Заради недостатокот на култура на вистинско прифаќање на мигрантите, многумина се раѓаат и живеат во Германија а сепак цел живот се чувствуваат како странци.
Па сепак, смета Казим, со ваквото гласање Турците од Германија самите си пукаа во нога, давајќи легитимитет на опција која не би сакале да ја почувствуваат на своја кожа.
****
Препорака за читање: