Без оглед дали е абецеда, азбука или алфабет, подредувањето на нештата по утврден редослед на почетната буква може да изгледа неутрално и без големо значење. Но престанува да биде такво кога ќе се спореди со не-алфабетски јазици, кои се потпираат на идеограми или слогови, и кои често се приморани да се прилагодат на глобалната доминација на oние другите.
Колку често имаме прилика да видиме монголски филм, да го слушнеме јазикот и да го впиеме широкиот пејзаж во којшто живеат номадските народи во оваа земја? Во јуртите е топло и безбедно, но среде непрегледните пасишта се појавуваат странски компании и диви копачи на злато кои се закануваат да го уништат традиционалниот начин на живот, и животот воопшто.
На 11 ноември 1821 во Москва се раѓа благородник, чие презиме потекнува од селото Достоево, каде бил доделен имот на татко му. Несуден воен инженер, тој станува одметник, коцкар и бунтовник, се прославува како писател и филозоф, и умира како руско национално богатство, но и светски класик. Вистински достојник, на кого Македонија денес му оддава почит со серија настани и нови преводи на негови раскази.
Прашани каков внатрешен глас слушаат кога си зборуваат самите со себе луѓето најчесто велат - сопствениот. Но има и такви кои признаваат дека во главата им се врти монолог кој како да се прикажува на телевизија, или како да доаѓа од подрум. А замислете тоа да е пар кој постојано се кара меѓусебно?
Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
Нова изложба се состои од дела на Дони Џонсон, кој лежи во озлогласен затвор во северна Калифорнија и слика со четка направена од неговата коса. Таа ќе се отвори истовремено со премиерата на документарен филм за неговиот живот.
Дали може филм за порно ѕвезда да не биде самиот порно? Овој успева во тоа, иако вашето чувство за истото ќе зависи од тоа дали и какви филмови за возрасни сте гледале до сега. Од друга страна, кој гледа документарец за Нина Симон ако никогаш не слушнал ниедна нејзина песна?
Пред три години, мала група научници на германски универзитет покренале соработка со војската - користејќи книжевни дела во обид да се укаже на потенцијални идни конфликти во светот.
Минатата недела, на 86 години, почина Џенет Малком (родено име Јана Виенерова, по потекло од Чешка), американската новинарка која критички го истражуваше односот помеѓу авторот и неговиот „субјект“ и можните злоупотреби од обете страни.
Околу Медитеранот невените (calendula officinalis) се одгледувани како лековити растенија од праисториски времиња. Она што не е толку познато е потеклото на нивното латинско име. Како и тоа дека можат и да се јадат, како додаток во чорби и салати.
Издавањето на книгата претставува завршница на повеќегодишен судски спор помеѓу законските наследници на aвторот на „Малиот принц“ и оние на неговата сопруга Консуела.
Од средината на 1970-тите речиси секој џез музичар имал примерок од истата книга. Со кремаста насловна, нападно лого и црна пластична спирала, таа додуша повеќе личела на скрипта. Внатре имало нотни записи за стотици популарни џез мелодии, испишани со рака. Книгата се викала - Реална.
Можеби сте го гледале филмот „21 грам“ со Шон Пен, Наоми Вотс и Бенисио дел Торо. Насловот потекнува од верувањето дека толку тежи човечката душа, кога ќе го напушти човечкото тело по смртта. Но не станува збор за фолклор, туку научна студија објавена на почетокот на 20 век.
По објавувањето на сторијата за шпанскиот дипломат кој спасил 150 македонски Евреи, дознавме за приказната на Соломон Адизес, еден од преживеаните од таа страшна 1943, кога бугарската војска од железничката станица во Скопје испратила повеќе од 7000 Евреи во логорот Треблинка.
За него сме пишувале и претходно. Делото се вика Organ²/ASLSP (As SLow aS Possible), неговата изведба е почната во 2001, а треба да трае до 2640. Местото е црква во Германија, и токму денес, 5.9., таму ќе се случи промената на следната нота. Не дека е за брзање, ама добро е да се знае.
Понекогаш во серии кои се за дрога, убиства и прељуба ќе се најде некој ситен, навидум страничен детал, кој овозможува симболичко толкување на целата содржина. Во случајов инвазивен вид птици, за чие постоење во САД е виновен - Шекспир.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Сме чуле за дресирани болви, за кокошки кои знаат математика (од филмот „Баладата за Бастер Скрагс“), за дресирани свињи кои се дел од историјата на циркусот и карневалите, ама едно нешто до сега немавме сретнато: дресирани алигатори.
20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.
Кокерот Флаш го спомнавме кога пишувавме за подзаборавената биографија на Вирџинија Вулф на ова куче. Она што не го знаевме е случајот со неговото грабнување, кој направил неговата сопственичка - позната викторијанска поетеса - да го отфрли татковскиот авторитет и да се омажи со својата тајна љубов.
Насловот е намерно таков каков што е, затоа што некои од филмовите кои котираат високо на листите на (наводно) најдобри за изминатата година сè уште не дошле во нашите кина, а богами ги нема ни на пиратските сајтови. Оттаму, бираме помеѓу она што стигнало до нас, за што веќе сме пишувале или пак не сме стигнале да споделиме.
Бил инспирација на Чарли Чаплин и ги пишувал сценаријата на сопствените филмови. Зошто толку долго светот требаше да чека за да го запознае Макс Линдер?