На крајот од мај функционери од Арапската лига беа во посета на Кина и на доминантно муслиманскиот регион Синѓанг и тамошното ујгурско население. На одење дома, нивниот заклучок бил – Кина е закон.
Западните функционери сакаат да посочат дека 141 од 193 земји членки на О.Н. ја подржаа неодамнешната резолуција со која се бара Русија да се повлече од Украина. Меѓутоа меѓу 32-те кои се воздржаа од гласање беа Кина, Индија, Пакистан и Јужна Африка, на кои отпаѓа околу 40% од светската популација.
Кинески ботови го преплавуваат Твитер со сексуално експлицитни содржини во обид да го сопрат ширењето на информации за масовните протести низ земјата. Секое пребарување кое содржи име на барем еден од градовите каде што во моментов се протестира, дава резултати со огласи што се однесуваат на проституција, порно филмови, или понуди за онлајн коцкање.
Личните податоци на милиони американски корисници на Тикток се собираат и обработуваат од Кина, заради што двете најголеми мобилни платформи треба да ја избришат апликацијата од своите продавници.
Саудиска Арабија е на пат да дозволи нафтата што Кина ја купува од нив да ја плаќа со јуани наместо како сите децении до сега со американски долари. И ова не е толку заради Кина, колку за инает на САД.
Министерствата за образование и финансии на Кина составија список од 331 дисциплина во која 147 универзитети од земјата имаат фора до 2030 за да постигнат „првокласен стандард“.
Освен во итен случај никој од 4 милиони жители на кинескиот град Ланџоу во идниот период нема да смее да го напушти својот дом. На страна тамошните 6, во Кина има пријавено уште 23 нови случаи. Во цела Кина.
Прва беше Алибаба која мина со казна од 2,8 милијарди долари, и таа е наведена како пример за 34 други локални гиганти на кои кинеската држава главно им го забранува насилничкото монополско однесување карактеристично за западните веб џинови.
Постојано слушам дека во САД навика е на запчаникот што ќе зашкрипи да му се става масло, и изгледа навистина е така. Еден од неодамнешните инциденти во Силициумската долина околу Кина (Ние сме вработени на Гугл, и Гугл мора да се откаже од Драгонфлај) предизвика судир меѓу Гугл и вработените на Гугл, додека истовремено во целата работа недостасува глас од Кина, третата страна во сето ова.
Последен пат кога беа потребни повеќе од 7 кинески јуани за да се купи еден американски долар беше мај 2008, првите чекори на светот кон финансиска криза. Деновиве јуанот повторно оди накај бројот 7.
Затоа што се претерало со нерегулираните цени на невести во Кина, локалните власти на повеќе села решаваат да ограничат колку најмногу пари може да се понудат или побараат за невеста.
Затоа што кога други држави финансираат проекти во странство тоа се смета за „економска војна“ а кога истото го прави САД, ММФ, Светска банка тоа се „структурни реформи и проекти“, Американците одлучија да основаат агенција која ќе им помага на земји во развој да се ослободат од финансискиот долг кон Кина. Во исто време Кина поседува над 6.000 милијарди од американскиот долг.
Еден од најкатастрофалните неуспеси на американските разузнавачи се случува во 2010 кога кинеските власти започнуваат акција во која цели две години систематски ја демонтираат шпионската мрежа на ЦИА во земјата притоа егзекутирајќи десетици американски информатори и соработници.
За да ги премости сите можни недоразбирања и препреки во ширење на пораката, Кина одлучи својата решителност околу посветеноста на обновлива енергија да ја покаже со пари.
Во 130-та година п.н.е. Хан династијата го воспоставува Патот на свилата, кој се простира од Кина до денешна Турција. Во 2013-та кинескиот претседател објави дека Патот на свилата ќе биде возобновен, и тоа како најголемиот и најскапиот инфраструктурен проект во светот.
Ништо националистички и расистички, туку пиар пред светот и бизнис, па додека Кина се брендира како центар за чиста обновлива енергија, целото свое производство на јаглен го преселија во Африка.
Банда од 14 баби е осудена на 2 до 11 години затвор од кинескиот суд заради барање исплата на долгови користејќи "провокативни и вознемирувачки методи".
Годинава на распоредот на кинескиот универзитет за дипломати ќе бидат додадени за учење 11 нови јазици, меѓу кои и тигриња, ндебеле и коморски, инаку локални јазици во некои од стратешките области на Африка.
Технички се наоѓа во малезиски територијални води, во пракса го гради и плаќа кинеска компанија. Распореден е на четири острови, треба да смести 700.000 илјади луѓе, а од февруари до сега продадени се вкупно 8.000 станови.
Да, ова звучи како луда урбана легенда. За жал, не е. Кинезите дури имаат и изрека за тоа која им гласи "подобро да го убиеш отколку да го повредиш". Зад ваквата ужасна практика не стои ништо друго освен - логика.
Целата операција се случува во предградие на мал кинески град (што е денешната верзија на преку 7 планини, 7 мориња...) и годишно успева да "ископа" околу 8 милиони долари во биткоин. Бидејќи сето ова ниту е легално, ниту е нелегално, комплетниот проект се држи во тајност.
Во четвртокот, 7-ми јануари, во 9:30 по локално кинеско време берзите почнуваат со работа. Во 9:42 следува остар пад на берзите во Шангај и Шензен, што го активира новововедениот безбедносен систем (против финансиски крах) кој го прекинува тргувањето на 15 минути. Пред активирањето на системот, за овие 12 минути работа, индексот на двете берзи е паднат за 7%.