Првиот човек на ОПИК (Overseas Private Investment Corporation), Реј Вошбурн, алармира дека Пекинг преку програма „loan-to-own“ создава држави кои ќе бидат „оковани“ од долгот кон Кина, што според него е еднакво на „економска војна“.
Токму ОПИК ќе биде трансформирана во новата агенција и нејзиниот лимит од 30 ќе биде кренат на 60 милијарди долари во инвестиции. Името на новата агенција ќе биде International Development Finance Corporation, таа е прифатена од Трамп и сега треба да мине низ Сенатот.
Како пример за делувањето на Кина е наведен Џибути, каде Пекинг успеа да добие контрола врз главното карго пристаниште на земјата, додека во истата земја Кина лани ја отвори својата прва прекуморска воена база.
„Кај Кинезите сите овие се државни претпријатија и се дел од нивната надворешна политика да се влезе на пазарот и да се контролираат работите во корист на кинеската држава,“ објаснува првиот човек на агенцијата која ќе треба да го прави истото но во корист на Американците, Реј Вошбурн.