Анте Томиќ

На наш народ не му е необично ако убиеш жена. Ама ако се облечеш како жена...

Светот во кој нема да те обвинат ако си го заклал соседот, ама затоа цело село ќе те исмева ако не си се оженил до триесеттата година, ќе ви се стори морничав и чуден. Повеќето од вас сигурно ќе помислат дека тоа му припаѓа на некое далечно, заборавено време. Но размислете повнимателно. Можеби немаме многу мрднато од тогаш.

Филмски работници патуваат меѓу ливади, низ бескрајна висорамнина, клатејќи се и потскокнувајќи по правливиот пат во внатрешноста на североисточна Босна. Шеесетите години на минатиот век се, Крсто Папиќ го снима „Кад те моја чакија убоде“, познат документарец за убиства со ладно оружје, омилениот начин на решавање на несогласувањата на нашиот народ, а патот е подолг, се чини екипата има залутано. 

За среќа, од високата расцутена трева одеднаш се појавуваат двајца селани. Едниот постар, другиот помлад.

"Добро утро луѓе."

„Добар ден“, вика постариот селанец сомнително одмерувајќи го комбето со натпис на „Загреб филм“. „Од каде вие овде?“

Филмските работници им викаат дека одат во Доње Морањце. Селаниве им викаат дека ја утнале раскрсницата, ги упатуваат да се вратат околу два километри и да свртат лево кај големата топола. Потоа преку ридот, само право.

А што ќе правите во Морањци, се одважил да праша младиот селанец. Му објаснуваат дека бараат еден Хасан да го снимаат. А зошто Хасан ви е интересен да го снимате, прашуваат. Со нож има убиено комшија, велат посетителите од далечниот Загреб.

„И тоа ви е интересно?!“ се зачудил постариот селанец.

„Па, не секој ден се убива комшија со нож“.

„Ајде бре... ако сакаш да снимаш некого, сто пати е подобро него да го снимате“, предлага постариот покажувајќи кон помладиот другар.

„А зошто е тој интересен?“, прашува режисерот Папиќ, не забележувајќи ништо необично кај крупниот и носат тип.

„Како бе зошто? Па, погледни го“, рекол постариот селанец, едвај воздржувајќи се да не пукне од смеење, „има триесет години, а уште не се оженил“.

Анегдота ја слушнав на плажа пред многу години, од стар, сега веројатно починат организатор на снимање. Понекогаш се потсетувам на неговата приказна кога размислувам што нам ни е ва вообичаено а што чудно. Што нашиот народ смета за нормално, а што е патолошко за него.

Светот во кој нема да те обвинат ако си го заклал соседот, ама затоа цело село ќе те исмева ако не си се оженил до триесеттата година, ќе ви се стори морничав и чуден. Повеќето од вас сигурно ќе помислат дека тоа му припаѓа на едно далечно, заборавено време. Но размислете повнимателно. Можеби немаме многу мрднато од тогаш.

Вистина е дека имаме струја, вода и плин, имаме електрични автомобили и паметни телефони со кои нарачуваме азиска храна, но во нашите глави сè уште живееме во вукојебини до кои води грбав правлив пат без патокази.

Минатата сабота Швајцарија победи на Евровизија и тоа предизвика бура од незадоволство во нашиот дел од светот. Незадоволството е делумно рационално бидејќи хрватскиот претставник заврши на второ место, а имаше подобра песна, повозбудлив настап и неспоредливо повеќе ѝ се допадна на публиката на најголемиот телевизиски настан во светот. Сега нема да зборуваме за неправдата што му беше направена на талентираниот, скромен и мил Беби Лазања. Доста горчина и солзи се пролеаа поради тоа. Да погледнеме на ирационалното незадоволство што ги исполни Хрватите поради фактот што швајцарскиот музичар, музичарка, тој, таа, тие... како и да сака, настапуваше во краток фустан и се нарекува небинарна личност.

Без сомнение, ирационалната фрустрација тука е многу посилна од рационалната. Кога ќе го погледнете големиот бес кој избувна ја социјалните мрежи, со каква вжештена омраза се пречека родово недефинирано човечко суштество, мора да се запрашате зошто, која е заканата од музичарот во фустан, како тој реално нè загрозува?

Претпоставувам дека многумина стравуваат дека секој што е небинарен би можел сексуално да ги искористи против нивна волја. Ќе им стави нешто во пијачката и после зашеметени ќе ги натрти. Но, ова се случува исклучително ретко во реалноста. Ако и се случило некаде, силувачот во фустанот веројатно би се викал Фра Недељко.

Анте Томиќ
целата колумна ја има Јутарњи

 

19 мај 2024 - 11:23