Откако на ниво на Кина се забрани јадење месо од диви животни (од змии, лилјаци, панголин, творови, па нагоре), Шензен покажа неверојатно ниво на прогресивност и на своите граѓани им забрани да јадат мачки и кучиња (во 2020-та).
За да не биде сето ова премногу агресивно жителите на Шензен имаат фора до 1-ви мај да се гоштеваат и да ги празнат замрзнувачите од резервите месо од мачки и кучиња.
Процените се дека на ниво на Азија годишно за јадење се убиваат околу 30 милиони кучиња, од кои околу 10 милиони завршуваат на трпезите во Кина. Кинезите годишно исто така консумираат и околу 4 милиони мачки.
Додека Шензен прави вакви цивилизациски подвизи, кинеските власти дозволија користење на жолчка од мечка за третирање на пациенти со коронавирус. Жолчката се цеди од жолчното кесе на живи мечки кои се чуваат во заточеништво и е дел од традиционалната кинеска медицина (и од ништо друго).
Кон крајот на февруари, додека уште се тешевме дека сето ова ќе заврши до април, на Јутјуб еден Американец кој со години живее и влогира од Кина, објави негова репортажа под наслов „The China they DON'T want you to SEE!“ во која објаснува и со видеа прикажува навики на просечниот Кинез вон големите и ултра богати финансиски и економски центри. Репортажата има крајно непријатни снимки од гастрономските навики и секојдневие на Кинезите, меѓутоа сепак дава поинаков увид во нивното живот, и колку-толку објаснување како е дојдено до ова дереџе на кое што се наоѓа светот. Имајќи го ова предвид, само ќе го линкаме видеото, па вие по ваш суд решете дали ќе го гледате или не.