Најдоброто перо на Ролинг Стоун (море и генерално, во американските медиуми), Мат Таиби, пишува за тоа како Доналд Трамп ги растура и допрва ќе ги растура. А на овие не им иде памет.
Сторми Даниелс е порно ѕвезда која може, а може и не, имала секс со Трамп пред повеќе од 10 години, отприлика во времето кога на американскиот претседател му се раѓа петтото дете (од третата сопруга). Од јануари годинава Даниелс станува една од најголемите потенцијални опасности за Трамп.
Трамп вети безбедносни гаранции за Демократска народна република Кореја, Ким Јонг Ун вети комплетна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Светот среќен.
Ако има поголема нејаснотија од тоа како Трамп е претседател на САД, тогаш тоа е - како воопшто се случува фризурата на Трамп. Деновиве на качување во авион, ветерот ја отвори икебаната од коса што американскиот претседател ја носи на глава, и луѓето станаа уште позбунети (и позгорзени).
Тоа што луѓето не се согласуваат со ова не значи дека не е точно, објаснува експертка на тема политички комуникации, која Трамп го опишува како човек кој изразито вешто се користи со реторичките алатки.
Признанието на доскорешниот адвокат на американскиот претседател дека Трамп бил известен за состанокот со Русите во јуни 2016 во Трамп тауер, нема да држи во суд доколку остане само на тоа едно сведоштво.
Доналд Трамп е на пат да ја повтори победата на претседателски избори во САД. За да го спречат тоа, на оние кои таквата помисла ги ужаснува им треба многу повеќе отколку надмено да размислуваат дека првиот пат му се посреќи. На златокосиот му се посреќува во серија.
Целата плата што Трамп ја зема за државната функција што моментално ја држи, ја донира во добротворни цели. Проблемот е што од друга страна го искина буџетот со службени трошоци.
Една од стратегиите што веќе се разгледува од најбогатите држави на светот е наместо да си вадат очи со САД откако Трамп почна да се расфрла со тарифи, директно да удрат по личните компании и бизнис интереси на американскиот претседател.
Начинот на кој медиумите известуваат за Трамп најдиректно е во корист на Трамп бидејќи „му помагаат преку повторување на неговата порака,“ тврди американски когнитивен научник и лингвист кој изучува пропаганда, и дава решение на проблемот.
Човекот кој парите меѓу другото ги прави и од не-Трамп публика (фитнес и слично), го дознаа дека сакал да организира вечера за собирање донации за Трамп. Сега истиов се вади со алиби - не е така како што изгледа.
Една година од претседателствувањето на Трамп, неговата грандиозна идеја за подигање ѕид на јужната граница се сведе на неколку прототипи од по 10-тина метри закопани во пустина.
Откако излезе сведоштвото дека сега отпуштениот советник на Трамп, Џон Болтон го нарекол Џулијани „рачна бомба“, овој вториот побрза да врати дека Болтон бил „атомска бомба“. Тие што гледаат од страна се надеваат дека Болтон ќе „пукне“ во претстојниот импичмент на Трамп.
Филип Рајнс е поранешен заменик-асистент државен секретар на САД и советник на Хилари Клинтон кој 17 години работи за нејзе. Рајнс исто така е човекот на кого Хилари се вежба за своите дебати со Трамп за време на изборите 2016.
Дел од реакциите на истрагата на Мулер беа дека резултатите од истата се најголемиот подарок за Трамп. Како што минуваат деновите ова излезе и најточна опсервација.
Во еден ден над 300 американски медиуми објавија едиторијали против „валканата војна“ на Трамп, организирани со цел да се спречат неговите напади против слободата на печатот и да се промовира истата.
Откако плановите за масовна воена парада во Вашингтон беа повлечени по удирање есап колку ќе чини таа желба, Трамп ја редизајнираше идејата, главно по обем.
Еден од клубовите со најрадикални навивачи во Израел, Беитар од Ерусалим во знак на благодарност до американскиот претседател реши во своето име да додаде и Трамп. Така ќе настапуваат на официјални натпревари.
Секој пат кога Трамп ќе го крене приватниот мобилен за да се чуе со пријателите (да се пофали или да оговара), во разговорот има уште најмалку три пасивни страни: домашни шпиони, плус кинески и руски.
Двајцата претседатели се сретнале набрзинка за време на Г20 самитот во Буенос Аирес, а освен нив на средбата присуствувале само уште преведувачот на Путин и сопругата на Трамп, Меланија.
Откако Трамп преку Советникот за национална безбедност, Џон Болтон, пушти абер дека сака Путин да му дојде на гости во Белата куќа, реакцијата на рускиот претседател беше - ништо. Цели пет дена ниту ја прифати, ниту ја одби поканата.
Цела просторија нагло замолчува кога Трамп извикува „па, каде е мојот омилен диктатор“ барајќи го египетскиот претседател, Абдел Фатах Ал Сиси, со кого треба да има состанок.