Отвораш билтен и читаш Беитар Трамп Ерусалим и мислиш дека некој од печатарите утнал работа. Ама не е баш така.
На 24 часа пред САД и официјално да ја отворат нивната нова амбасада во Ерусалим (досега им беше во Тел Авив), фудбалскиот клуб Беитар Ерусалим објави дека од сега па натаму тие ќе бидат познати како Беитар Трамп Ерусалим.
Ваквиот епилог доаѓа откако по 70 години чекање на меѓународно признавање, претседателот на САД Доналд Трамп прилично неочекувано го призна Ерусалим како главен град на Израел, одлука по која избувнаа сериозни нереди во појасот Газа.
Неколку други земји го следеа примерот на Трамп и го повлекоа истиот потег.
Беитар Ерусалим важи за еден од најрадикалните клубови во Израел чии навивачи отворено се декларираат како екстремни десничари.
Претседателот на клубот, милијардерот Ели Табиб и извршниот директор Ели Охана решиле на името на клубот да го додадат презимето Трамп па тие од сега ќе бидат Беитар Трамп Ерусалим.
24 hours before The United States open their new embassy in Jerusalem, Beitar Jerusalem FC have announced that from now on they will be know as Beitar " Trump " Jerusalem. Politics & Football at its peak. pic.twitter.com/Cak3yx8sBr
— Raphael Gellar (@Raphael_Gellar) May 13, 2018
Beitar Jerusalem have lost the plot the last week. This is why they decided to add Trumo to their club name. pic.twitter.com/CNIp1cJK7X
— Raphael Gellar (@Raphael_Gellar) May 13, 2018
На две кола пред крајот на израелската лига, Беитар Ерусалим е втор со 67 бода, 7 помалку од новиот шампион Хапоел Бер Шева. Според состојбата на табелата доколку останат втори или завршат трети, фудбалерите на Беитар ќе играат во Лига Европа следната сезона.