За Џенифер Мерсиека од Тексас А и М универзитетот, реторичките вештини му помогнале на Трамп да избегне каква било одговорност за она што го кажува, „што неговата публика ја прави да се чувствува како да е дел од таен клуб“.
Истата оваа моќ во барем еден случај му помогна на американскиот претседател да се спаси од судска казна.
Мерсиека прави анализа на 5-те алатки што Трамп ги користи и како тие му помагаат дури и најлошите скандали да не ја нарушат неговата популарност и поддршка кај симпатизерите.