Њујоршките дизајнери почнаа да го меркаат Хадсон Јардс за претставување на нивните колекции, едно чудовиште за луксузна мода во Челзи каде што се сместени продавници на Шанел, Диор и Фенди. Но, кога се дозна дека изведувачот на Хадсон Јардс, Стивен Рос организирал настан за кампањата за реизбор на Трамп, и тоа во сопствениот дом во Хемптонс (со карти за влез од 100-250 илјади долари и сликање со Трамп), Прабал Гурунг и Раг енд боун се повлекоа од ревија во нивните скроз инстаграмливи места со имиња како The Shed и The Vessel.
Еве слики од нив, за да видите зошто е толку јако:
Тешко за откажување, ама интегритет си е интегритет:
„Треба да се избере меѓу две страни, да се биде на правилна или на погрешна страна од историјата. Јас претходно разговарав со Хадсон Јардс, кај нив да ја претставам колекцијата за десетгодишнината на мојот бренд на модната недела. „Кога слушнав за тој настан, решив да се повлечам,” пишува Гурунг на Твитер. „Не очекувам никој друг да го направи тоа, но беше правилна одлука за МЕНЕ и сакам разговор за транспарентност и свест.”
Раг енд боун планирале исто така да имаат ревија во Хадсон Јардс, но решиле да се повлечат и да ја прават на друго место, иако новата локација треба допрва да се одлучи.
Патем, проблемите на Стивен Рос му почнаа уште минатата недела во вид на бојкот на Еквинокс и Соулсајкл, две компании во кои има инвестирано, како и од неколку други њујоршки локали. А со години локалците зборуваат дека Хадсон Јардс се планира да биде дом на модната недела, само што, како што вели Филип Пикарди, „Њујоршката модна недела има проблем со Трамп”.