Во средата американскиот претседател обвини дека тој преживеал „обид за државен удар“ и дека повеќе не му е гајле што ќе пишува во целосниот извештај на Мулер кога тој ќе биде објавен, бидејќи од негова гледна точка тој веќе е ослободен од обвинувањата.
Со ваков ветар во грб Трамп изјави дека се надева дека Бил Бар (министерот за правда) ќе открие каде точно започнала истрагата.
„Тоа беше нелегална истрага. Таа започна нелегално. Сè околу нејзе беше криминално.
Ова беше обид за државен удар. Ова беше обид да се собори претседател, и ние ги победивме. Ги победивме,“ порачал Трамп.
Во средата Бил Бар изјави дека има „прашања“ и „загриженост“ околу начинот на кој ФБИ се справил со истрагата околу Русија, и најави дека ќе направи ревизија „на потеклото и разузнавачките активности насочени кон кампањата на Трамп за време изборите 2016.“
„Мислам дека шпионирање на политичка кампања е сериозна работа,“ изјави Бар.