Стефано Габана и Доменико Долче, и покрај нивната контроверзна историја, како да се имуни на последици, особено такви на какви што сме навикнати во последно време. Во Вог имаше и наслов: „Дури ни апокалиптично невреме не може да го откаже шоуто на Долче и Габана“, а во Ел рекоа дека имало „изненадување со виножито што го обои небото“. Харперс Базар рече дека било „епско“.
Откако долги години немаа проблем со тоа дигиталните платформи да цензурираат луѓе кои не им се по мерка, новинарите на американските корпоративни медиуми денес гласно зборуваат за тиранијата на Сицилиумската долина. И понатаму немаат проблем тие со цензурата. Имаат проблем со тоа да бидат замолчувани нивни.
Човекот чиј однос стана патоказ за Западното однесување кон Кина во јули 1971 престојуваше во резиденција на кинеската влада, каде дискутираше филозофија со кинескиот премиер Џоу Енлај. Од тогаш Западот нема престанато да и се извинува на Кина.
Многу интересна е целата фертутма околу можното купување на Твитер од Илон Маск. Иако понуда чудесно галантна сума, милијарди долари поголема од актуелната вредност на компанијата, неговата понуда беше мазно одбиена од бордот на Твитер. Да не се работи за нешто друго?
Владетелот на Саудиска Арабија не му крева на телефон на Бајден, а минатава недела дојде на еден чекор поблиску да прифати кинески јуани за испораката на нафта на Кина. Ова е уште една последица, и тоа значителна, од неспретното справување на САД со стратешки важниот сојузник, пишува уредништвото на Вол стрит журнал.
Какви сме ние тоа кукавици со испрани мозоци. Наместо да дигнеме глас за мир ние купуваме јод. Јодот ќе нè спаси од Путин? Што ќе нè спаси од Америка, тоа е клучното прашање на нашиот опстанок.
За време на војната, руски и украински преговарачи тајно се состанале и некако скицирале решение за ставање крај на војната. Само што Бајден не бил задоволен а Борис Џонсон подоцна му објаснил на Зеленски: Дури и Украина да е подготвена за некои гаранции за Путин, Западот не е.
Денешната глобална ситуација на многумина им изгледа слична на онаа од 70-тите години на минатиот век: големи инфлации, хаотични цени на енергенсите, израелско -арапска војна на Јом Кипур/Рамазан.... Постои и полошо сценарио, дека сме поблиску до ситуацијата од 1940-та година.
Ако ви пречи 5 долари за галон гориво, тогаш помислете како е на 8 долари (колку што е во Италија). Или природниот гас кој во Италија е четири пати поскап отколку во Соединетите држави.
Нуриел Рубини е универзитетски професор кој и до сега немал ништо позитивно да каже за светот, пример во 2008 предвиде глобална финансиска криза, ама па никогаш до сега не зборувал за Трета светска војна.
За време Студената војна, никогаш не верував дека сме во опасност. Кубанската криза, што ми го подрасипа 11-от роденден, ме убеди дека сите ќе имаат малку повеќе разум. Мислев дека телевизиските драми за нуклеарен Армагедон се неубедливи. Не можеа да смислат веродостојна причина за почеток на таква војна. Но, сега тоа делува сосем уверливо.
Њујорк Тајмс ја одобри идејата дека наводниот ретрограден био-есенцијализам на Џ. К. Роулинг не само што не е модерен, туку го прави нејзиното постоење непожелно.
„Сè оди по планот“. Ова е изјава на Владимир Путин. Војната во Украина е во својот петти месец и тоа што крајот не се гледа, може да е истоштувачко. Меѓутоа високи функционери на Кремљ продолжуваат да повторуваат дека Русија, која добива превласт на украинскиот исток, ќе ги постигне сите свои цели.
НФД е американска организација која начелно служи за поддршка на демократијата по светов но често се доживува како фасада за рушење непожелни влади и инсталирање марионети. Ги има и овде, со години финансираат Метаморфозиси, Вистиномери, бараат следачи на говор на омраза... нешта без кои не би ни можеле да замислиме волку добро да ни оди.
Што подолго трае оваа прокси војна во Украина, толку поблиску САД доаѓа до директна конфронтација со Русија, а штом дојде до тоа, лесно е да се посегне по нуклеарките. Ако не верувате, посетете ги Хирошима и Нагасаки, градови кои немаа никаква воена важност а Јапонија веќе беше поразена. Беа уништени само за да се покаже сила.
Ќе се најде земја која има ресурси кои им требаат на американските корпорации. Ќе се натераат да се задолжат кај ММФ и Светската банка за проекти за кои ќе бидат убедени дека многу ќе им помогнат. За реализација на проектите ќе се ангажираат се-знае-кои компании (Бехтел, добри?). Ако во тоа не успеат економските убијци, доаѓаат шакалите кои рушат влади и убиваат лидери. Мислите туку така паѓаат авиони?