Кои капиталисти одбиваат 10 милијарди долари?

Многу интересна е целата фертутма околу можното купување на Твитер од Илон Маск. Иако понуда чудесно галантна сума, милијарди долари поголема од актуелната вредност на компанијата, неговата понуда беше мазно одбиена од бордот на Твитер. Да не се работи за нешто друго?

Шон Дејвис, основачот на магазинот Федералист, вака ја разложи чудната позиција на бордот:

Налудничавата реакција на понудата на Илон Маск за купување на Твитер по значајна премиум цена, покажува дека на тоа не се гледа како на купување приватна компанија, туку на купување глобална владина машина за цензура.

Капиталисти не одбиваат 10 милијарди чисти пари. Само тоталитарци го прават тоа.

Слично размислува и еден наш читател (Ристо) кој на темата ни пиша:

Пропагандите делуваат не заради тоа што се добро осмислени, туку заради тоа што одредена група луѓе сака да им верува. Твитер е најглупата и најпровидна пропагандна алатка, ама си функционира.

Во корпоративниот свет се зависи од бројките, односно процентите. Во моментот кога акциите на Твитер станаа јавно достапни на берза, Џек Дорси, иако ЦЕО, остана во милост на бордот на директори кои одговараат пред акционерите.

Мала дигресија пред да се навратам на бордот на директори на твитер. Во едно интервју, кога се напнаа да го канселираат Роган, Џордан Питерсон рече дека ако се паметни од Спотифај, ќе го задржат. Првенствено не заради тоа што така треба, слободата на говорот и слично, туку заради тоа што ТОА Е ВО ИНТЕРЕС НА АКЦИОНЕРИТЕ. Заради тоа што слободниот говор што го практикува Роган, на долга патека ќе им овозможат да ја дуплираат цената на акциите. На прашање зошто акционерите треба да го направат тоа само заради личен профит, Џордан одговори (парафразирам):

БИДЕЈЌИ АКО КУПИЛЕ АКЦИИ И НЕ СЕ ВОДАТ ОД ПРОФИТ, ТОГАШ НЕ ГЛЕДАМ ЗОШТО БИ ИМ ВЕРУВАЛЕ? ОЧИГЛЕДНО ИМААТ НЕКОИ СКРИЕНИ АГЕНДИ.

Епа Џек Дорси пред неколку години, токму кај Роган ја спомна својата идеја за „Див Запад- Твитер“ каде секој ќе може сешто да постира. Од тогаш, постепено почна да ја губи моќта во компанијата што самиот ја создаде и да биде маргинализиран од бордот, процес што конечно се заврши со негово целосно повлекување од позицијата ЦЕО на Твитер. Можеби случајно, ама од неговото повлекување па до пред некој ден, акциите на твитер беа паднати за околу 40 проценти. Тогаш на сцена стапи Елон Маск со неговата намера да го преземе Твитер, нудејќи им на акционерите околу 30% поголема цена. Животна шанса за акционерите да добијат +30% за нивните акции преку ноќ!

Сепак, од само за нив познати причини, бордот на директори, одлучува да го одбие предлогот без да ги праша акционерите. Токму за ова зборуваше Џордан. На овие луѓе, парите не им се императив во водењето на Твитер. Тие имаат друга агенда. Како папагали лево и десно почнаа да се јавуваат експерти повторувајќи како целосна слобода на говор на твитер бил сон на (пази мајката) диктаторите, а демократите сакале да има цензура. Ако ја изгубат контролата врз твитер, тоа ќе значи враќање на Трамп на платформата. Покренување муабети за изборните резултати. Крај на шарените револуции кои се организираа преку Твитер. И ред други политики кои можат да ги поткрепат единствено со замолчување и канселирање на неистомислениците. Е, затоа нив не ги интересираат парите од Твитер, оти тие се во бизнисот за политичка моќ која таква алатка им ја овозможува. Затоа многу голема работа е што Џек конечно се осоколи да го крене гласот. Сè ми се чини дека веќе се договорени со Елон да настапат заедно и да ја преземат компанијата. Тоа би бил голем ден за слободата во светот и модерното општество.

Инаку, некој противник на преземањето на Твитер ја имаше објавено  листата на директори во бордот, сомневајќи се дека Маск има сила да се справи со такви доктори на науки и силни академци (ем баронеси) кои седат во бордот.

Меѓутоа, Маск виде нешто друго во истата листа. Дека сите тие силни директори, чија првенствена задача е да ја чуваат вредноста на акциите, речиси и да немаат акции во компанијата. И дека затоа не им чуе за интересите на акционерите:

 

 

21 април 2022 - 16:03