По апсењето на директниот ривал на Ердоган, популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, многу Турци чувсртвуваат дека во прашање е турската демократија и нејзината иднина. Но, ако очекуваат поддршка од европските лидери, ќе бидат разочарани. Тие и пучот во во Романија го поддржаа. А молчи и Америка.
„Споредбата е толку апсурдна што практично самата се обезвреднува“, кажа уредникот на Спајкд, Том Слејтер, во говорот на Кембриџ Унион. Вели дека му е жал за оние кои во сè сакаат да видат фашизам и секој кој не се согласува со нив да го споредуваат со Хитлер. Како ли ноќе заспиваат тие луѓе?
Пред руската инвазија, западните лидери преку НАТО ефективно провоцираа војна, која не сакаа да ја водат. А, откако војната почна, ѝ помагаа на Украина да се бори за иднина што тие одбиваат да ѝ ја обезбедат. Тоа беше најлошиот од сите можни светови за Украина. Трамп сега го пресече овој Гордиев јазол на најбрутален начин, но само гласно го кажа она што молчешкум беше пристап на Запад кон Украина подолго време.
Брајан Џонсон има зацртано една единствена цел во животот. Може да ви се чини како ексцентрична амбиција, но овој 47-годишен бизнисмен од технолошката индустрија се бави со, според него, една од најфундаменталните човечки желби.
Џастин Трудо конечно се соочи со реалноста и поднесе оставка. Човекот кој покажа дека може истовремено да се биде и либерал и автократ. Започна спектакуларно, со домашна и глобална акламација а потоа земјата ја потопи во надмена и елитистичка идеологија. На камионџиите кои тргнаа против неговите ковид политики им ги замрзна банкарските сметки. Малкумина диктатори би се осмелиле на тоа.
Жртва на терористичкиот напад во Манхајм, кој беше прободен со нож од исламист заради неговите критики на Исламот, шест месеци по обидот за убиство е осуден од германската држава за омраза заради своите ставови и критики на Исламот.
На конференција на Ториевците, премиерот Риши Сунак се откажа од проектот за брзи пруги па затоа мораше да понуди нешто друго „големо.“ Понуди ригорозна политика против пушењето. „Ова е потсетување како недостатокот на политичка визија, технократи како Сунак го компензираат со тривијален авторитаризам,“ пишува во текстот „Англија без цигари е неслободна Англија.“
Малку работи се поризични за славна личност од моментот кога нивните демоде погледи на светот ќе се објават на социјалните мрежи. Ваква лекција научи поранешната пејачка на Молоко, Рошин Марфи.
Кога во кампањата во 2016-та, Трамп извикуваше „Затворете ја!“ (мислејќи на Хилари Клинтон), либтардите се згрозуваа каква авторитарна темнина се надвиснува над Америка. Седум години подоцна, Хилари е слободна жена, дури и после 4-те години на Трамп. Хронично дефицитарни со хумор, истите тие денес раздрагано се поздравуваат со „Merry Arrestmas“.
Хитот на Том Џонс од 1968 долго се смета за химна на велшкото рагби, но веќе нема да се изведува на меѓународни натпревари. Наредено им е на гостинските хорови да не ја вклучуваат песната во изведбите, а целата иницијатива ја поддржуваат и политичарите и полициските шефови.
За да ја демонстрираат својата правоверност, американски компании регуларно организираат обуки за „диверзитет, еднаквост и инклузија„ за своите вработени. Обуките се скапи и бесцелни ама на менаџерите им фуфка да прекинат со нив за да не го навлечат бесот на будните преторијанци. Само паднатите профити можат да ги разбудат.
Австралија ги укина ограничувањата поради ковид. Во јули 2022-та ја укина задолжителната вакцинација за посетители. Во ноември ја тргна официјалната забрана за влез на Новак Ѓоковиќ. И, минатиот месец тој пристигна во Австралија, без никаков проблем. Се чини спласна хистеријата со која беше дочекан пред година дена.
Откако долги години немаа проблем со тоа дигиталните платформи да цензурираат луѓе кои не им се по мерка, новинарите на американските корпоративни медиуми денес гласно зборуваат за тиранијата на Сицилиумската долина. И понатаму немаат проблем тие со цензурата. Имаат проблем со тоа да бидат замолчувани нивни.
Илон Маск (не без прашање) реши да спроведе генерална амнестија на банираните Твитер профили, а меѓу помилуваните е и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквите потези наидоа на негодување кај елитите кои се плашат дека обичниот народ нема капацитет сам критички да ги свари вестите и информациите што ги добива.
И после децении останува несфатлив овој комплекс на забавната индустрија, холивудските студија, големите телевизиски продуценти и стриминг-џиновите, предадени од тесногледа алчност и креативен банкрот.