
Секој што искрено мисли дека Америка на Трамп - што и да мислите за него и неговите политики - може да се спомене во истата реченица со фашистичка Италија или нацистичка Германија, треба да се доведе „во винкла“.
Да бидеме јасни за што зборуваме. Фашизмот, а особено неговата нацистичка инкарнација, беше зло какво што светот претходно не видел. За среќа, и оттогаш нема видено. Тоталитарна контрола. Месијанска диктатура. Култ на расна супериорност. Паравоени сили ја дробат левицата дома, дарвинистичка борба за превласт во странство. Обожување на војна и насилство. Индустријализирано ништење на сите европски Евреи.
Ако ова ви звучи како Америка во 2025 година, тогаш „ој легнете си.“
Во Трамп има триста чуда. Десничарски популист. Непријател на илегалната и масовна миграција. Културен воин. Тој, исто така, може да биде арогантен, помпезен, повремено конспиративен.
Но, се мачам да му ги најдам концентрационите логори за истребување или вооружени насилници кои убиваат неказнето.
Можеби некои од другата страна можат да ме просветлат. Речиси ми е жал за нив. Мора да е исцрпувачко – дури и снеможувачко – насекаде да се гледа фашизам. Сите што не се согласуваат со тебе, за имиграција, за полови или што и да е, да ги гледаш како Хитлер. Како тиа луѓе заспиваат ноќе.....
* целиот текст од говорот - овде