Во 2019, Њујорк Тајмс објави статија каде што се обвинува „Мери Попинс“ за „срамно флертување со блекфејс“, за музичката точка Step in Time, каде што Мери Попинс е прекриена со саѓи.
„Наместо да се избрише,“ ќе се пожали авторот, „таа срамно си го пудри носот и образите и станува уште поцрна.“
Сцената треба да е доказ за расизмот во филмот.
Се согласува и Британскиот одбор за класификација на филмови, но не од истата причина. Проблемот го наоѓаат во „дискриминирачки изјави“, поточно, зборот hottentot, кој некогаш го користеле Европјаните да опишат домородни Јужноафриканци како примитивни варвари. Во филмот зборот излегува од сенилен човек.
Одборот е уверен дека на децата зборот може да им биде „вознемирувачки“, иако не е многу веројатно дека ќе дознаат што значи. Затоа и веројатно бил вака скриен и затоа и на современите родители не им било проблем и понатаму да им го пуштаат на децата.
„Тоа што одборот го прозива ‘Мери Попинс‘ нема врска со заштита на децата од застарен јазик,“ вели Томас Озборн од Спајкд. „Тоа само го рефлектира освестениот нагон во сè да се бара расизам и да се чешла класичната култура во потрага по нешта за навредување. Ова е апсурдно. Ако „Мери Попинс“ е расистички филм, тогаш јас сум волшебна дадилка.