18-годишниот Недас Чеплинскас е најлошиот соиграч кој можете да го посакате во вашиот тим, а игра за еден од најлошите прволигаши во Европа. Нашиот офсајд лик ја започна својата кариера со три автогола.
Во првиот ден од годината традиционално фудбал играат само Англичаните и Шкотланѓаните, а тоа беше сосема доволно да го избереме и првиот офсајд лик во 2014-та. Замислете, сефте голот за Арсенал во новата година го постигна Бентнер но...
Ако некој заслужува летово најмногу да се најде во нашата омилена рубрика на офсајд ликови, тоа е претседателот на Лацио. Ние не го бираме, тој самиот со своите постапки се кандидира секогаш да биде број 1 во правење глупости.
Поранешниот бразилски репрезентативец не е воопшто добар пример за успешна и долга кариера. Од четирикратен освојувач на Скудетото со тимот на Интер, постои можност да заврши во италијанска аматерска лига.
Поранешна легенда на Манчестер Јунајтед, која претходно има играно во нивниот градски ривал е најновиот наш Офсајд лик поради случката која најверојатно не се памети кај друг фудбалер откако постои овој спорт.
Раководните луѓе на Лацио ги бива за ангажирање постари напаѓачи кои никој не ги сака, како што беше случајот со Сисе, Саха и Постига, но оваа сезона направија “маестрален“ избор и со едно младо момче кое по “дури“ 4 одиграни минути ќе се збогува со Серија А.
Иако не е целосно виновен што еден Њукасл каде играше Алан Ширер ќе оди во втора лига, бидејќи го водеше на само 10 меча, не може да не го ставиме во оваа рубрика човекот кој го освои историското финале во ЛШ против Милан. Едноставно не му личи да биде второлигаш.
Камерунецот од редовите на хрватскиот клуб Сплит, Анри Бел бил излажан дека е повикан на поширокиот список на репрезентацијата за Светското првенство. Кога се појавил на подготовките во Австрија никој не знаел кој е тој и од тогаш му се губи секоја трага.
Ерменецот од редовите на Борусија Дортмунд е најголем трагичар и еден од најголемите кривци што неговиот тим за малку не успеа да ја анулира предноста на Реал Мадрид.
Фудбалерот на Арсенал кој е позајмен во Олимпијакос, Џоел Кембел слободно можевме да го сместиме и во категоријата малер на денот. Репрезентативецот на Коста Рика купил 100 пакетчкиња со сликици Панини, но не се нашол себеси.
Алжирецот Тауфик Махлуфи не можеше да се воздржи и прерано почна да прославува, па го загуби златниот медал и 10.000 долари на трка од Дијамантската лига за само 4 стотинки.
Не можевме да одлучиме кој повеќе го заслужува нашето признание за офсајд лик на денот, па решивме да го поделиме и да им го доделиме на еден голман од Франција и еден негов полски колега во Азербејџан.
Поранешниот член на Арсенал, Емануел Фримпонг ептен зажали што направи трансфер во Барнсли, а неговото деби за новиот клуб заврши со црвен картон по половина час игра.
Поранешниот тренер на англискиот третолигаш Транмер ја загубил работата и договор вреден 130.000 фунти само заради 1 фунта уплатена на тикет во кладилница.
Ако ве интересира што се случува со кариерата на поранешната ѕвезда на Барселона, сега ќе дознаете. Се наоѓа во Андора, земја која може целосно да се испразни ако сите нивни жители се појават на Камп Ноу на ист натпревар.
Поранешниот сопственик на Фулам, Мохамед Ал-Фаед знае зошто овој клуб испадна од Премиер лигата. Причината за лошите резултати на Фулам е отстранувањето на статуата на Мајкл Џексон од пред стадионот.
Откако ќе ја прочитате оваа вест немојте да се сомневате дека е од 1 април. Таа е денешна и вистинита, а откако ќе се случи ова во зијан ќе бидат студентите во Базел.
Во Палермо настана каша попара со тренерите и оваа сезона, а најновата улога на тренер во заминување е легендарниот играч на Бока Јуниорс. Тој беше тренер на 5 меча, но не смееше да го води клубот. Само со Ѕампарини се вака комплицирани работите.
Штом треба да те бараат на Гугл за да видат воопшто кој си, тоа е знак дека не си за во Премиер лига. Тоа му се случи на италијанскиот стратег со 30 години стаж како тренер, но без ќорав трофеј.