Денес во Каиро ќе се одигра Африканскиот Супер куп помеѓу освојувачот на Лигата на шампиони, Ал Ахли од Египет и победникот на африканскиот Куп на конфедерации, екипата на Сфаксиен од Тунис.
Дополнителен проблем за Тунижаните освен што ќе играат на гостински терен е фактот што во нивниот тим ќе недостига талентираниот играч од средниот ред Дидие Ибрахим Н'донг.
Репрезентативецот на Габон ќе отсуствува шест недели заради скршеница на стапалото, а повредата ја заработи на многу глуп начин.
Нервозен заради тоа што бил заменет пред крајот на натпревар од туниското првенство одигран минатата недела, Н'донг шутнал едно рекламно пано покрај теренот и си ја скршил ногата.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.