Тауфик Махлуфи е искусен атлетичар со бројни успеси, меѓу кои и златото од трката на 1.500 метри на Олимписките игри во Лондон.
Но последната трка тој ја истрча како тотален аматер. На трката на 800 метри во склоп на Дијамантската лига во Шангај, Махлуфи на неколку метри пред крајот на трката имаше водство и златниот медал во рака и веќе почна да слави со исплазен јазик и раширени раце.
Но од позадина се појави Кениецот Роберт Бивот кој му го украде златниот медал за 4 стотинки, а воедно и наградата од 10.000 долари.
Целата трка:
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.