Еден дражесен детал “од втор план“ на големата и битна руско-кинеска средба на ниво Путин- Џинпинг. Двајца бодигарди од руското и кинеското обезбедување. Застанаа еден покрај друг, се видоа, си климнаа со главите и се разбраа дека сè е ок. Колеги и професионалци, со почит за лебот што го јаде другиот.
На посериозната страна на средбата, последно нешто што Запад сака да види е гушкање меѓу Си и Владимир. И тоа гушката ја понуди кинескиот претседател, што е баш невообичаено за нивните адети.