Се работи за Денил Лоу и неговиот малерозен или можеби најмалерозен датум во кариерата, а тоа е 28 јануари 1961 година.
Манчестер Сити за противник во четвртото коло од ФА купот го имал Лутон и до 69 минута водел со 6:2. Сите 6 гола биле дело на Денис Лоу, но настанал неочекуван проблем. Мечот се играл на толку силен дожд, што теренот се претворил во бара.
Натпреварот бил прекинат и презакажан за 1 февруари. Шкотскиот напаѓач повторно бил меѓу стрелците, но овој пат постигнал само еден гол, а Граѓаните примиле 3 и загубиле со 3:1.
Лоу покрај тоа што стигнал до личен рекорд од 6 гола кој му пропаднал во вода, поради тоа што не му биле впишани тие голови не успеал да стане најдобар стрелец во ФА Купот за 20 век.
Тој завршил со 41 гол, а прв на табела со 44 погодоци бил Велшанецот Јан Раш кој 15 сезони има играно за Ливерпул.
„Не е дека човек секој ден постигнува 6 гола. Тоа не ми успеа повторно. Најмногу што ми успеало се 4 голови на еден натпревар и тоа неколку пати како играч на Манчестер Јунајтед", изјавил Лоу за БиБиСи.
За иронијата и малерот да бидат поголеми, на преиграниот натпревар од ФА Купот теренот бил во уште полоша состојба, но овој пат не бил прекинат.