Монако го наполни аматерскиот клуб Сент Жан Баулие со 10:2 во Купот на Франција, а Ласина Траоре го имаше најлудото полувреме во кариерата.
Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска сезонава на 10 меча или поточно за 470 одиграни минути во првенството има постигнато само два гола. Синоќа во францускиот Куп успеа во рок од 24 минути да постигне четири гола.
Доколку останеше во игра Траоре во вториот дел ќе имаше шанса да урива рекорди, но на истекот на првото полувреме доби црвен картон.