Поранешниот прв човек на ФИФА ќе држи предавање на универзитет на тема:
Како да се надмине кризата во ФИФА
Тој заедно со поранешниот главен јавен обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Луис Морено Окампо на 15 април ќе се појави пред студенти во Базел и ќе учествува на дискусија како да се надмине сегашната криза во ФИФА.
Најавата за гостинот изгледа вака:
„Од 1981 до 1998 година, Сеп Блатер беше генерален секретар на ФИФА и потоа беше претседател од 1998 година се до неговата оставка. Блатер ги започна реформите за борба против корупција во ФИФА, а во исто време постојано се соочуваше со обвинувања и злоупотреба“.
За среќа панел дискусијата ќе оди во живо на Јутјуб, а тоа е фантастична идеја бидејќи сите негови бисери ќе може да ги чуе цел свет.
Луѓето кои дошле до оваа брилијантна идеја изгледа не им е јасно дека за гостин на универзитетот во Базел кој треба да зборува за надминување на криза, го повикале човекот која ја создаде таа криза.
Инаку 80 годишниот Блатер отслужува забрана од шест години за било каква активност во фудбалот поради неговото неетичко однесување за време на 17 годишното претседателствување. Низа скандали и апсења на високи функционери во ФИФА се случија за време на неговите мандати.
Сеп Блатер со овој потег плаче за во нашата омилена рубрика.