Литванскиот прволигаш Даинава е еден од најлошите, ако не и најлош прволигаш во Европа. Овој клуб има очаен старт на сезоната со 11 порази по исто толку одиграни натпревари и има гол разлика од -61 со само 1 постигнат и 62 примени голови.
Веќе ви е јасно за каков калибар на фудбалери станува збор, но еден од нив посебно се истакнува со своите „квалитети". Посебно со неговиот талент за постигнување на автоголови.
18-годишниот фудбалер од средниот ред, Недал Чеплинскас ја започна својата професионална кариера со три автоголови на 10 одиграни натпревари.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.