Од натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Маратон во рамките на фудбалското првенство на Хондурас одигран на 12 октомври, за офсајд лик освен голманот, може да го прогласиме и судијата, па и луѓето во федерацијата.
Откако голманот на Маратон, Жуниор Моралес од веројатно само нему познати причини, го фати неколку пати за газот напаѓачот на домаќините, по асистенцијата на линискиот судија доби црвен картон.
Играчите жестоко протестираа, голманот не сакаше да го напушти теренот, а судијата одлучи да си замине. И покрај тоа што резултатот беше 1:1, а до крајот остануваа уште неколку минути, Фудбалската асоцијација трите бодови му ги препиша на Реал Сосиедад.
Маратон со тоа не успеа да се пласира во плеј-офот каде патуваат првите шест клубови, а за тоа му беа потребни само уште два бода. Згора на се го загубија и спонзорството од 120.000 долари.
„Ова е најчудната и најапсурдната одлука која сум ја видел во фудбалот. Светот ни се смее на нас и на судијата“, изјави директорот на Маратон.
Останатите офсајд ликови ги имате тука.