Офсајд лик на денот: Христо Стоичков

Невиден гаф на Христо Стоичков. Во желба да врати на навреди на Твитер, бугарската легенда си ги откри порно навиките.

Легендата на Барселона во моментов работи како стручен коментатор на шпанска телевизија и често добива навреди на Твитер.

При една таква дискусија на Твитер, Стоичков сакаше на да покаже колку тој бил успешен и да им испрати една фотографија на троловите, прашувајќи ги што тие направиле во нивните животи.

Но Стоичков направи невиден гаф. Правејќи скриншот од својот iPad, тој заборави да ги затвори другите табови. На еден таб тој имал отворено "Free Porn Sex Video", а на друг бил порно филмот "Nail My Tail".

 

Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.

9 април 2014 - 11:50