- Системот на договарање го реши победникот на Евросонг. Иако не сум склон кон теории на заговор, швајцарскиот преставник тешко ќе дојдеше до победа без оркестрирано наговарање од едно место.
- Швајцарија победи и пред настапот затоа што е најмалку конфликтна па следната Евровизија ќе се врати дома, во државата која е и седиште на ЕБУ. Така нема да се случи победата да отиде во проблематичниот Израел, пак во Украина или во малата корумпирана Хрватска.
- Како шансите на Бејби Лазања растеа на кладилниците, така дечките од ЕБУ дополнително анимираа едно по едно национално жири. Како што правеше покоен Џаро, ако требаше, и хрватската делегација ќе ја наговореа да ѝ дадат 12 поени на Швајцарија.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.