22 годишното крило на Челси се изнашета на позајмици и посети многу земји. Беше во Англија каде за Фулам и Болтон одигра вкупно 11 меча, па го пратија во Франција во екипата на Дижон, а најмногу издржа во Витезе каде остана две години и настапи на 29 меча.
Последното негово искуство во Италија ќе сака што побрзо да го заборави. Неговата петта позајмица за четири години се покажа како најголема туристичка прошетка низ Рим.
Дебитираше во Серија А на 9 март и влезе како замена за Клосе во 86 минута на мечот против Аталанта, а неговиот тим беше поразен со 1:0. Претходно одигра уште дваесетина минути и во Лига Европа против Лудогорец, а Лацијалите и тој меч го загубија пред своја публика со 1:0.
За да ги потсети навивачите на Лацио дека младинскиот француски репрезентативец воопшто постои во тимот, некој направил лажен профил на кој го трола за неговиот стаж.
Освен што еден Челси бил импресиониран од неговиот талент, друго ништо убаво немаме што да ви кажеме за Какута. Дури и неговиот трансфер од младинскиот погон на Ленс во Челси во 2007 не бил регуларен, па тој бил суспендиран четири месеци и казнет парично, а „Сините“ добиле забрана за правење трансфери во следните два рокови.
За да ја заокружиме оваа неуспешна фудбалска приказна која заслужено влегува во друштво на другите офсајд ликови, еве што најдовме од него во нашата архива.