Во олицетворение на фразата „Ако ти кажат да скокнеш во Вардар, ќе скокнеш ли?“ една жена од Јута одлучува да си ја избричи главата затоа што некој така ѝ рекол - на телефон.
На новогодишната ноќ во Љубљана почина Душан Јовановиќ (81), театарски режисер, драматург и есеист, автор на култниот драмски текст „Ослободувањето на Скопје“. Во неговата последна, автобиографска книга, тој со голема љубов зборува за Скопје и, особено, за Македонките.
Утре, петок, 13.12, во 12 часот на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ ќе биде промовирана првата фаза од долгорочен проект за мапирање на недвижното културно наследство на Скопје.
Џабе се труди човек да личи на нешто на 40 степени. На вакво време, цела шминка, сите ќошеви на телото, било каков обид за средена коса - сè се распаѓа.
Не е дека воопшто не сме ги фалеле, промовирале, а понекогаш и куделе, но понекогаш имам грижа на совест дека во рубрикава македонските автори се неправедно запоставени.
Aхмед Буриќ, поет и редовен колумнист во Радио Сараево, за разликата меѓу пушењето, „пушење“-то и попушувањето. Сите три можат да имаат умерени до значителни влијанија врз здравјето, но последново особено се одразува врз она менталното.
Извадок од новата книга на некогашниот басист на Азра, напишана во стихови и без интерпункција. За разлика од Џони, кој во своите преводи внимава на секоја запирка, Хрњак е лефтерен, но живописен. Во овој дел за инцидент во Словенија, каде Штулиќ кршел опрема на сцена, како да има вишок гитари.
Има еден виц, кога во некое од нашите села требало да се прикажува шведски филм, па селаниве се испотепале да дојдат до карта за на крај да сфатат дека „филмот не е шведски, туку советски“.
Кога слушна дека книгата на Предин, за којашто има напишано предговор и која ја промовираше низ Хрватска, се преведува на македонски, и дека на неа случајно работи истата моја пријателка која компјутерски ја обработуваше и неговата збирка колумни кои пак ги преведов јас, Дежуловиќ изјави: „Космосот е чудо".
На 70-годишнината од создавањето на некогашна Југославија останаа куп (што добри, што лоши) спомени на оние кои живееа во неа, но и исто толку етно-културолошки НЗС-а за нешто што сега еуфемистично го нарекуваме „на овие простори", кога мислиме на оние делови од Балканот кои некогаш не ги делеа граници. Една песна на Хладно пиво пее токму за нив.
Што мислел Крлежа за улогата на ВМРО во македонската историја? Што им замерил на Конески и на Крсте Црвенковски? Зошто најпрвин го одбил Струшкиот венец и воопшто, каков бил неговиот амбивалентен однос кон нашата земја, во која сега има и своја улица?
Арсенијевиќ е познат по својата безмилосност во коментирањето на српската стварност. Сега распалил и по регионот, правејќи ѝ посебна чест на Македонија. Текстот може да ве налути, но има поента во наша корист - барем во архитектонската мегаломанија сме недостижни.
Застапувајќи се за европски културни вредности, но и одлучно укажувајќи на местото на Србија во таа неисцрпна ризница, Демократската младина на Прокупље воочи изборите во Србија ја препева „Одата на радоста".
Со приказните на Карл Мај за Дивиот Запад растеа генерации читатели. Неговите собрани дела бројат 120 томови, а зборуваат за земји кои тој ги немал посетено, и за кои ништо не знаел. Меѓу нив, верувале или не, и за Македонија. Пренесуваме делови од есејот на Иван Ивањи, објавен во неделникот „Време", кој се однесува токму на нашава земја.
„Двете бели мечки од Зоолошката градина и јас тонеме во зимски сон.Толку ми се спие, немате поим!Разбудете ме само во случај малата Ана да се врати. Инаку гризам!"
„Живеам во вилата Боргезе.
Овде нема ни трошка нечистотија,
ниту стол кој не е на своето место.
Овде сме потполно сами и мртви сме...
Никаде ни најмало известување за промена.
Ракот на времето нè јаде."