На овие простори

Од Вардар па до Триглав

На 70-годишнината од создавањето на некогашна Југославија останаа куп (што добри, што лоши) спомени на оние кои живееа во неа, но и исто толку етно-културолошки НЗС-а за нешто што сега еуфемистично го нарекуваме „на овие простори", кога мислиме на оние делови од Балканот кои некогаш не ги делеа граници. Една песна на Хладно пиво пее токму за нив.

НА ОВИЕ ПРОСТОРИ

На овие простори
на овие простори,
убави работи има
на овие простори.

Имаме песни од кои душата се стега
имаме глупости погледот до кај што стига,
имаме бескрајни житни полиња
имаме гладни колку ти волја.

Имаме душа како аеродром
и добро чувство за топка
вроден страв од промаја,
имаме најсочнa пцовка.

Имаме ново ауто заради впечаток
имаме страв кога немаме појма,
доволно омраза, доволно инает
за уште војнa.

На овие простори
на овие простори,
Убави работи има
на овие простори.

Менталитетот на мојот крај
е она што нè спојува,
ако си роден вон рамката
тука нема да најдеш раат.

Црковното ѕвоно се слуша
црковното ѕвоно се слуша,
повикува нови бури.

На овие простори
на овие простори...

29 ноември 2013 - 12:52