Екипите на ЕВН и Еуро Табак славеа победа со идентичен резултат од 8:2, а бодови во вториот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија освои и Гранит.
Во третиот ден од Бизнис лигата на Македонија Алкалоид со 15:4 го наполни голот на Искрател Груп, МЕПСО го совлада Македонски Телеком, а Макпетрол и ЕВН одиграа нерешено.
Во чест на големото дерби против големиот ривал кое заврши 0:2, тифозите на Милан организирани под групата Curva Sud пред средбата со Јуве демонстрираа врвна кореографија.
Играше Јуве препознатлива игра, поведе со прекрасен гол на Роналдо и сè делуваше дека трите бода ќе останат во Торино, но во последните четири минути пред крај Јунајтед направи чудесен пресврт.
Српскиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ во саботата одбил на дресот да го носи симболот црвен мак со којшто во овој период од годината се обележува спомен на настраданите британски војници во Првата светска војна.
Во портфолиото на најмладиот претседател во историјата на Интер, 26-годишниот Жанг, стои дека завршил на Универзитетот Пенсилванија, дека работел во инвестициската банка Morgan Stanley и дека беше потпретседател, а од скоро претседател на Интер.
Во првите 10 кола премиерлигашите добија 32 пенали. Најважниот го промаши Ријад Марез (во дербито со Ливерпул на Енфилд), најeфективниот го изведе Жоржињо од Челси против Хадерсфилд, а најозборуваниот пенал го шутираше Погба.
Два месеци словенечкиот репрезентативец поминал на антибиотици. „Тоа беше прав пекол. Сериозно размислував да ја завршам кариерата“, рекол Јосип откако му откриле бактериско заболување.
Со голот на Дибала во 17-та минута, Старата Дама го совлада Манчестер Јунајтед кој го доминираше речиси цел натпревар. Без проблем за фаворитите Баерн, Реал, Манчестер Сити и Рома кои ги освоија планираните три бода. Ајакс ја сруши Бенфика во 92-ра минута.
Двестедваесет и второто издание на Дерби дела Мадонина поубаво изгледаше на трибините отколку на теренот. Навивачите на Милан и Интер со недели работеле на преубавите кореографии кои ги кренаа синоќа на „Сан Сиро“.
Екипите на Уни Банка и Џонсон Мати славеа победи во последнот ден четвртото коло во Бизнис лигата на Македонија, а Македонски Телеком и Аџибадем Систина одиграа без победник.
Фудбалерите на ЦСКА Москва го направија изненадувањето на вечерта откако го совладаа европскиот шампион 1:0 со гол уште во 65 секунда! Баерн киксна со Ајакс, Рома го прегази шампионот на Чешка со хет-трик на Џеко.
Секако дека македонската јавност во извештаите од натпреварите на Џенова скрола да види дали Горан Пандев дал гол, но неколку пати гледа и едно друго име крај неговото. Толку често го гледаме што решивме да изрудариме нешто за него.