Џонсон Мети со пеколно второ полувреме до победа над Маркарт

Во четвртиот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија бодовите ги собраа екипите на Уник, Борис Трајковски и Џонсон Мети.

Борис Трајковски преку LC Waikiki до првата победа

LC Waikiki3-8(1-3)Борис Трајковски

LC Waikiki: Едит Салковиќ 11' Армин Дрпљнин 36' Мухамед Амети 23'

Борис Трајковски: Влахо Костов 14' Љубомир Стојановски 21' 25' 37' Јане Мицевски 28' Дарко Филимановски 5' 16' 27'

Првото полувреме од дуелот помеѓу екипите наLC Waikikiи Борис Трајковски и припадна на екипата на Борис трајковски тие уште на самиот старт ја превземаа иницијативата успеа да створат одлични шанси за погодок, во 5та минута да го отворат резултатот. Во 11та минута екипата на LC Waikiki успеа да креира одличен контра напад и да го претвори во погодок за израмнување, но по овој погодок екипата на Борис Трајковски го подигна темпото на игра, се префрли на противничката половина што резултираше со погодоци во 14та и 16та минута за водство од 1-3 на полувремето.Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра се редеа шанси за голови на двете страни, во таквата отворена игра поумешна беше екипата на Борис Трајковски која од минута во минута го зголемуваше водството стекнато на полувремето. Екипата на LC Waikiki во овој натпревар покажа слаба реализација и го загуби овој натпревар со резултат од 3-8

Уника со сигурна игра до победа над ЕЛЕМ

Уника 10-5(4-1) ЕЛЕМ

Уника: Бесими Нухиу 1' 2' 30' Љуљзим Каштањева 18' 39' Бенјамин Граинца 19' 32' 38' Васко Кокаланов 27' Беркан Ахмети 36'

ЕЛЕМ: Петар Василевски 18' 29' Горан Николовски 33' 40' Златко Станковски 36'

Натпреварот помеѓу Уника и ЕЛЕМ започна одлично за екипата на Уника која со два брзи погодоци преку Нухиу во првата и втората минута успеа да стекне солидна предност. По ова рано водство екипата на Уника се повлече на својата половина и го намали темпото на игра. Сепак екипата на ЕЛЕМ не се откажуваше и со сите сили се обидуваа резултатски да се вратат во игра, тоа им успеа при крајот на полувремето во 18та минута. До крајот на полувремето екипата на Уника како и на почетокот со два брзи погодоци го зголеми резултатот на 4-1 со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се префрли во предно поле и вршеше притисок кон противничкиот гол, тие направија промена во тактиката и се обидоа со голман играч да направат вишок во нападот за намалување на водството. Екипата на Уника одлично ја постави играта во одбрана и со брзи контри ја казнуваше отворената игра на ЕЛЕМ за победа на овој дуел со високи 10-5.

Џонсон Мети со пеколно второ полувреме до победа Маркарт

Џонсон Мети 5-2(0-2) Маркарт

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 26' 34' Бојан Дејановски 25' Благоја Божиновски 23' 39'

Маркарт: Тоше Георгиев 3' Александар Ристовски 13'

Динамично прво полувреме исполнето со многу борба за секоја педа од теренот, екипата на Маркарт беше таа која ја превзема почетната иницијатива и тргна кон противничкиот гол, што и донесе водство во 3та минута. Екипата на Џонсон Мети по рано примениот погодок успеа да ги консолидира своите редови и да тргне со понапаѓачка формација, но во 13та минута екипата на Маркарт преку контра напад успеа да искористи празнината во одбраната кај Џонсон Мети и да го зголеми водството на 2-0 со кој резултат се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети во игра уфрли голман играч што веднаш вроди со плод и за неполни три минути успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Овие почетни минути ја срушија целата концепција на екипата на Маркарт која не можеше да најде против игра во ова полувреме. На крајот овој натпревар заврши со победа на екипата на Џонсон Мети од 5-2.

11 октомври 2018 - 11:14