Гранит со одлично второ полувреме за висока победа над Еуро Табак

Во вториот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Гранит, Маркарт и Рамстор.

Рамстор со пресврт до победа над ЕВН

ЕВН 2-3(2-1) Рамстор

ЕВН: Вилијам Митев 11' Ајет Новобрдарија 16'

Рамстор: Фуркан Муртезан 27' 29' Ведат Арслан

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу ЕВН и Рамстор, помина во помирно темпо на игра без многу шанси за гол, играта главно се одвиваше на средината на теренот. Како одминуваше времето екипата на ЕВН вршеше посилен притисок кон голот на Рамстор што резултираше со погодок во 11та минута и водство од 1-0. По ова екипата на Рамстор направи неколку промени во тимот и тргна по израмнување на резултатот, но екипата на ЕВН во финишот од полувремето преку еден контра напад успеа да ги изненади и да го зголеми водството на 2-0. До крајот на полувремето екипата на Рамстор се обидуваше да го намали водството во што и успеа во 20та минута па на полувремето се замина со 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор се префрли на противничко поле вршејќи притисок кон голот на ЕВН што вроди со плод во 27та минута и израмнување на резлутатот. Последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница во која поуспешна беше екипата на Рамстор која го доби овој натпревар со 2-3

Гранит со одлично второ полувреме за висока победа над Еуро Табак

Еуро Табак 3-10(2-3) Гранит

Еуро Табак: Дејан Младеновски 4' Мартин Ливрински 10' Дејан Филиповски 40'

Гранит: Дарко Стојановски 18' 30' 35' 39' Сашо Каровски 23' Николче Глигуровски 11' 14' 34' Ристе Бошев 26' 27'

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Еуро Табак и Гранит и припадна на екипата на Еуро Табак која уште на стартот односно во 4та минута успеа да го отвори резултатот, неколку минути подоцна во 10та минута успеа да постигне уште еден погодок за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Гранит направи неколку промени во тактиката и успеа да ја пронајде својата игра што до крајот на полувремето им донесе целосен резултатски пресврт. На полувремето се замина со резултат од 2-3. На стартот на второто полувреме екипата на Гранит со погодок на Каровски успеа да ја зголеми предноста на 2-4. Екипата на Еуро Табак направи промена во тактиката внесувајќи во игра голман играч обидувајќи се резултатски да се врати во игра, таквата игра остави голема дупка во одбраната која Гранит ја искористи за победа со високи 3-10

Маркарт со чести ротации на играчи до победа над Пекабеско

Маркарт 6-3(3-1) Пекабеско

Маркарт: Пеце Стојановски 1' 20' 30' 40' Мартин Стојанов 4' 39'

Пекабеско: Бобан Вујиќ 10' Андрија Периќ 22' 31'

Екипата на Маркарт имаше одличен старт во дуелот со екипата на Пекабеско и уште во првата минута успеа да постигне погодок за 1-0, неколку минути подоцна преку Стојанов и за водство од 2-0. Екипата на Пекабеско се обидуваше со сите сили да фати резултатски приклучок, што им успеа во 10та минута со погодокот на Вујиќ. До крајот на полувремето екипата на Маркарт успеа да постигне уште еден погодок за водство на полувреме од 3-1. На стартот од второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок и да се доближи на гол негатива, но екипата на Маркарт со честа ротација на играчи успеа да ја одрижи свежината во својот тим што на крајот и донесе победа од 6-3.

14 ноември 2018 - 08:51