Искуството на ЕЛЕМ пресудно во дуелот со Искрател Груп
Искрател Груп 0-3(0-1) ЕЛЕМ
ЕЛЕМ: Ванчо Петковски 13’ Владимир Поповски 30’ Златко Станкоски 37’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Искрател Груп и ЕЛЕМ, првата фаза одмина во мирно темпо во кое и двете екипи ги одмеруваа силите и играта главно се одвиваше на средината на теренот. Како одминуваше времето екипата на ЕЛЕМ се префрли на противничката половина и започна со посилен притисок кон голот на Искрател, што резултираше со водство од 0-1 во 13та минута. До крајот на полувремето екипата на Искрател Груп успеа да створи неколку одлични шанси за погодок, но имаше слаба реализација. На полувремето се замина со резултатот од 13та минута 0-1 за екипата на ЕЛЕМ. Во второто полувреме двете екипи започнаа со пооотворена игра, се редеа шанси на двете страни но реализацијата беше слаба. Кон крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ сепак успеа да реализира два контра напади за комотно водство кое успеа да го одржи до крајот. Натпреварот заврши со 0-3 за екипата на ЕЛЕМ.
Џонсон Мети со сериозен пристап до победа над Македонски Телеком
Џонсон Мети 4-1(4-0) Македонски Телеком
Џонсон Мети: Благоја Божиновски 2’ бобан Ристовски 8’ 17’ Бране Стојановски 10’
Македонски Телеком: Марко Магденовски 40’
Екипата на Џонсон Мети одлично го отвори дуелот против екипата на Македонски Телеком со одличниот погодок на Божиновски во 2та минута. Овој рано постигнат погодок им даде дополнителен мотив на екипата на Џонсон Мети и веќе во 10та минута имаа комотно водство од 0-3. Екипата на Македонски Телеком по оваа негатива направи неколку ротации на играчите и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок со цел да фати резултатски приклучок, но екипата на Џонсон Мети одлично ја имаше поставено својата одбрана и не дозволи изненадување. На полувремето се замина со резултат од 4-0 за екипата на Џонсон Мети. Во второто полувреме екипата на Телеком направи промена во тактиката и во игра внесе голман играч вршејќи силен притисок во предно поле, тоа резултираше со неколку одлични шанси за погодок но голманот на Џонсон Мети беше на висина на задачата и успеа да го сочува својот гол. Последните минути од натпреварот екипата на Џонсон Мети ги одигра рутинирано и го доби овој натпрвар со резлутат од 4-1.
Аџибадем Систина со голман играч до победа над Уни Банка
Аџибадем Систина 6-3(2-3) Уни Банка
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 1’ 2’ 30’ Никола Трајковски 25’ Далибор Дамјановиќ 33’ Мирослав Неделковски 34’
Уни Банка: Ангел Петков 18’ Александар Кузинаков 19’ Марко Ташков 20’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и Уни Банка, првата фаза од полувремето и припадна на екипата на Систина која од самиот почеток ја превзема иницијативата и успеа да постигне два брзи погодока во 1та и 2та минута преку димковски. По оваа негатива екипата на Уни Банка се обиде со промена на тактиката и со неколку ротации на играчите да ја намали негативата во што и успеаа. Во финишот на полувремето екипата на Уни Банка направи целосен резултатски пресврт па на полувремето се замина со резултат од 2-3. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина започна со жесток притисок кон голот на Уни Банка, што резултираше со израмнување во 25та минута. Овој гол за израмнување им даде дополнителен импулс на екипата на Систина и за само неколку минути успеаа да направат целосен пресврт. До крајот на натпреварувањето екипата на Уни Банка се обидуваше да го врати водството и тргна во целосна офанзива, таквата отворена игра на екипата на Уни Банка заеше да ја казни Систина со одлични контра напади за победа од високи 6-3.