Рамстор ја врати формата и дојде до победа над Пекабеско

Екипите на Макпетрол, Матрикс и Рамстор со победи го отворија третото коло од Бизнис лигата на Македонија.

Рамстор ја врати формата и дојде до победа над Пекабеско

Рамстор 9-2(3-0) Пекабеско

Рамстор: Фуркан Муртезан 7' 10' Хурјед Шакири 12' 35' 37' Зоран Алексовски 22' Арјан Цами 38' Ибрахим Бекир 29' 33'

Пекабеско: Мартин Здравевски 24' 40'

Во првиот натпревар од третото коло силите си ги одмерија екипите на Рамстор и Пекабеско.

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Рамстор и Пекабеско ни понуди возбудлив фудбал со многу шанси и атрактивни потези на двете страни. Во ова полувреме екипата на Рамстор своите сто процнтни шанси успеа да ги претвори во гол за комотно водство од 3-0 до средината на полувремето. Екипата на Пекабексо прикажа одлична игра но во ова полувреме затаи нивната реализацаија. На паузата се замина со резултат од 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на Пекабеско тргна напаѓачки и со сите сили се обидуваше да го намали водството на Рамстор од полувремето, сепак екипата на Рамстор ја казни таквата отворена игра на Пекабеско и на крајот го доби натпреварот со убедливи 9-2.

Матрикс ги искористи грешките на Окта за сигурна победа

Окта 0-5(0-2) Матрикс

Матрикс: Антонио Богдановски 1' Дарко Цветковски 19' Бојан Марковски 25' Велче Јордановски Никола Христовски 40'

Натпреварот помеѓу екипите на Окта и Матрикс имаше одличен почеток за екипата на Матрикс која уште во првата минута го отвори резултатот со одличен погодок на Богдановски. Поовој рано примен погодок екипата на Окта се префрли во противничкото поле со цел да дојде до израмнување. Екипата на Матрикс одлично ја имаше поставено својата игра во одбрана и преку контра напади успеа да го зголеми водството кое на полувремето изнесуваше 2-0. Во вториот дел екипата на Окта започна со промена на тактиката во фаза на напад играјќи со голман играч со цел да створи вишок, но и ваквата тактика не им донесе резултат напротив екипата на Матрикс ја искористи празнината во одбраната за зголемување на водството и конечна победа од 5-0.

Макпетрол не дозволи изненадување во дуелот со Вип

Макпетрол 9-5(7-2) Вип

Макпетрол: Ибраим Исмаили 2' Мишо Ѓоргиевски 6' 13' 32' Игор Стојковски 7' 10' 11' 13' 40'

Вип: Мартин Ангеловски 9' 17' 21' 37' Иле Никодиновски 28'

Екипите на Макпетрол и Вип одиграа ефикасно прво полувреме, во ова прво полувреме еклипата на Макпетрол покажа целосна доминација. Тие уште на самиот старт го превземаа водството и со сигурна игра во одбрана и напад од минута во минута го зголемуваа. Екипата на Вип која денеска настапи без неколкумина клучни играчи не успеа да најде против игра за денес расположениот Макпетрол. На полувремето се замина со резултат 7-2. Во второто полувреме екипата на Вип започна со одлична игра и успеа да го намали високото водство од полувремето преку одличниот Ангеловски со 4 постигнати погодоци но сепак екипата на Макпетрол не дозволи изненадување и со сигурна игра ги однесе бодовите во овој натпревар. Крај 9-5

9 октомври 2018 - 08:46