Костов со 4 погодоци му донесе победа на С.Ц. Борис Трајковски над Мепсо

Во вториот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Макпетрол, Лукоил и Борис Трајковски.

Во натпревар полн со пресврти Матпетрол поуспешен од Сава Осигурување

Сава Осигурување 6-10(5-4) Макпетрол

Сава Осигурување: Ивица Минов 2’ 19’ 20’ 23’ Коста Глигуровски 7’ Андреј Китановски 14’

Макпетрол: Марко Костенцовски 3’ 39’ 40’ Бенер Бакиоски 6’ 14’ Мишо Ѓоргиевски 15’ Благоја Лолески 24’ Александар Мишоски 25’35’ 39’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и Макпетрол, со одлична игра и на двете екипи кои наизменично го менуваа водството во текот на целото полувреме. Прва го отвори резултатот екипата на Сава Осигурување во 2та минута преку одличен погодок на МИнов, минута подоцна одговор од страна на екипата на Макпетрол преку Костенцовски за израмнување. Во ваквата игра гол за гол во првото полувреме поуспешна беше екипата на Сава Осигурување која на паузата замина со предност од 5-4. На стартот на второто полувреме екипата на Макпетрол направи неколку промени во играчкиот кадар и изврши притисок кон противничкиот гол што им донесе израмнување на 6-6 во 25та минута. По ова израмнување екипите повеќе се фокусираа на одбраната, играта се одвиваше на средината на теренот а играчите се обидуваа со удари од далечина да го изненадат противничкиот голман. Екипата на Макпетрол во финишот од натпреварот успеа да искористи неколку кикса во одбраната на Сава Осигурување и да го добие овој натпревар со резултат од 6-10

Лукоил со одлично второ полувреме до победа над Алкалоид

Алкалоид 3-4(1-0) Лукоил

Алкалоид: Денис Славковиќ 17’ Дарко Стевков 28’ Стефан Димовски 30’

Лукоил:Дејан Зиков 21’ Мартин Алаѓозовски 31’ 33’ Александар Аврамовски 36’

Првата фаза од натпреварот помеѓу екипите на Алкалоид и Лукоил одмина во испитување на силите, играта се одвиваше на средината од теренот со многу борбеност од играчите на двете екипи. Двете екипи не ризикуваа во фаза на напад и како да чекаа грешка на противничката одбрана, во 17та минута екипата на Алкалоид успеа да искористи кикс на одбраната на Лукоил и да постигне погодок со кој се замина на полувремето. На стартот од второто полувреме со одличен потег Зиков успеа да донесе израмнување за екипата на Лукоил, по овој примен погодок екипата на Алкалоид како да доби мотив и тргна жестоко кон противничкиот гол што резултираше со два погодоци и водство од 3-1. Екипата на Лукоил не се откажуваше од натпреварот и со чести ротации на играчи успеа да ја врати вистинската игра која во 33та минута им донесе израмнување, неколку минути подоцна и целосен резултатски пресврт и победа од 3-4.

Костов со 4 погодоци посветени на својата идна сопруга му донесе победа на С.Ц. Борис Трајковски над Мепсо

С.Ц. Борис Трајковски 5-3(2-2) Мепсо

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 5’ 18’ 24’ 30' Александар Михајловски 35'

Мепсо: Диме Рошкоски 14’ 34' 40' Борис Трајковски 19’

Исклучително израмнето прво полувреме одигра екипите на С.Ц. Борис Трајковски и Мепсо, иако екипата на С.Ц. Борис Трајковски прва дојде до водство Мепсо со борбена игра успеа да парира и издејствува шанси кои ги претвори во гол факјаќи резултатски приклучок. Во ваквата игра и двете екипи играа егал на полувремето 2-2. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски лагодарение на расположениот Влахо Костов успеа резултатски да се одвои при резултат 4-2. Екипата на Мепсо намали на 4-3 преку Рошкоски но екипата на С.Ц. Борис Трајковски беше при себе и со добро контролиран напад и своја препознатлива игра успеа да го задржи нивото и да го добие овој натпревар со 5-4

17 октомври 2018 - 08:48