Вип преку контра напади до победа над С.Ц. Борис Трајковски

Во третиот ден од Бизнис лигата на Македонија Алкалоид со 15:4 го наполни голот на Искрател Груп, МЕПСО го совлада Македонски Телеком, а Макпетрол и ЕВН одиграа нерешено.

Лукоил ја сочува предноста од полувремето за победа над Фабрика Карпош - ГИМ

Фабрика Карпош - ГИМ 4-6(2-5) Лукоил

Фабрика Карпош - ГИМ: Александар Божиков 7' 7' Герги Божиков 29' Игор Николовски 32'

Лукоил: Дејан Зиков 1' 16' 17' Мартин Алаѓозовски 13' Лоренцо Николовски 18' Владимир Секуловски 25'

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Фабрика Карпош - ГИМ, прва до водство дојде екипата на Лукоил која со гол во првата минута најави ефикасно прво полувреме. Екипата на Фабрика Карпош по неколку минути спреми одговор и со двата гола на Божиков успеа да направи целосен пресврт. По оваа негатива екипата на Лукоил изврши силен притисок кон противничкиот гол и со 3те погодоци на Зиков успеа да ја вратио резултатската предност. Последните минути од полувремето поминаа во знакот на екипата на Лукоил кои успеаа да го добијат ова полувреме со високи 2-5. Во второто полувреме се продложи со високо темпо на игра со многу шанси за гол и на двете страни, екипата на Фабрика Карпош - ГИМ успеа да постигне погодок да го намали водството и да се врати резултатски во игра со што остатокот од натпреварот го направи многу интересен. Екипата на Лукоил и покрај тоа што во неколку наврати играше со играч помалце успеа да го сочува водството и да го добие натпреварот со 4-6.

Вип преку контра напади до победа над С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски 3-6(1-4) Вип

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 13' 27' Дарко филимановски 30'

Вип: Мартин Ангеловски 20' 26' Мартин Тодоровски 15' Иле Никодиновски 9' Никола Спасевски 10' 25'

Првата фаза од дуелот помеѓу С.Ц. Борис Трајковски и Вип и припадна на екипата на Вип која со погодоците на Спасевски и Никодиновски успеа во 10та минута да дојде до водство од 0-2. Неколку минути подоцна екипата на С.Ц. Борис Трајковски со одличен погодок на својот голман Костов успеа да го намали водството на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Вип имаше целосна контрола врз играта и резултатот па полувремето го доби со 1-4. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски се префрли на противничко поло и вршеше силен пристисок со цел да дојде до израмнување, таквата офанзивна игра остави многу празнини во одбраната па екипата на Вип преку контра напади успеваше да ги казни. На крајот екипата на Вип славеше со резултат од 3-6

Уника со цврста одбрана и Нухиу во нападот до победа над Окта

Окта 4-9(2-6) Уника

Окта: Живко Котевски 24' Александар Јовчевски 2' 39' Виктор Ристовски 13'

Уника: Арбен Нухиу 7' 8' 25' Шабан Чупи 11' 13' Банјамин Граинца 35' 38' Даниел Стојковски 1' Васко Колаков 19'

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Окта и Уника, екипата на Уника одлично го отвори овој натпревар со погодок во првата минута со што најави ефикасно полувреме. Екипата на Окта веќе во следната минута успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот. Екипата на Уника денес го имаше во своите редови расположениот Нухиу кој со одличната игра и двата постигнати погодоци во првото полувреме успеа да ја направи разликата, па екипата на Уника на полувреме замина со висока предност од 2-6. Во второто полувреме екипата на Окта со чести ротации на играчите, внесувајќи во игра голман играч се обидуваше да ја намали предноста и резултатски да се врати во игра, но екипата на Уника одлично ја постави својата игра во одбраната и не и дозволи на екипата на Окта да стори нешто повеќе па на крајот го славеше во овој натпревар со 4-9.

13 ноември 2018 - 08:58