Во драматичен натпревар Џонсон Мети подобар од ЕВН
ЕВН 4-5(2-1) Џонсон Мети
ЕВН: Наумче Бадаловски 18’ 20’ 30’ Томи Илиевски 23’
Џонсон Мети: Бране Стојановски 20’ Мартин Николовски 21’ 25’ Бобан Ристов 33’Христијан Стојановски 38’
Евн и Џонсон Мети, двата тима во овој меч влегоа претпазливо внимавајќи на својот гол што беше причина за малкуте шанси и на двете страни. Играчите на двата тима се обидуваа со повремени соло напади и удари од далечина да го изненадат противничкиот голман. Како наближуваше крајот на полувремето екипата на ЕВН од еден прекин преку одличниот погодок на Бадаловски успеа да го отвори резултатот. Во последната минута од полувремето екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок за израмнување на резултатот но во последната секунда од полувремето екипата на ЕВН постигна погодок за водтво од 2-1 на полувремето. Во вторто полувреме видовме беспрекорна борба од двата тима со одлично воиграни акции и атрактивни потези екипата на Џонсон Мети беше таа која го диктираше темпото бркајќи го резултатот. Двата тима наизменично се менуваа во водството но во последните минути поприсебна беше екипата на Џонсон Мети која со одличниот погодок на Стојановски во 38та минута успеа да го добие овој натпревар со резултат од 4-5.
Уни Банка не дозволи изненадување во второто полувреме
Уни Банка 3-1(1-0) Искрател Груп
Уни Банка: Аце Најдовски 7’ Ненад Саздовски 28’ Ѓорѓи Пецевски 32’
Искрател Груп: Никола Трајковски 37’
Прво полувреме со многу шанси за гол но слаба реализација одиграа екипите на Уни Банка и Искрател Груп. Во ова полувреме екипата на Уни Банка го диктираше темпото и имаа повеќе од играта што им донесе водство во 7та минута преку Најдовски. Екипата на Искрател Груп створи неколку прилики за израмнување но екипата на Уни Банка одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи изненадување. На полувремето се замина со резултат од 1-0. Во второто полувреме екипата на Уни Банка со удари од далечина го зголи водството. Искрател Груп со чести ротации на своите играчи се обидуваше да ја пронајде својата игра, што вроди со плод и намалување на водството. Сепак екипата на Уни Банка рутинирано го одигра ова второ полувреме за победа во дуелот со 3-1.
Македoнски Телеком и Аџибадем Систина одиграа реми
Македонски Телеком 4-4(3-1) Аџибадем Систина
Македонски Телеком: Гоце Филипов 13’ Садики Тасим 19’ Агрон Пацоли 20’ Стефан Насков 29’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 12’ 26’ 31’ Александар Јаневски 32’
Првиот дел од првото полувреме одмина во мирно темпо на игра без многу шанси на двете страни, екипата на Систина таа која започна поагресивно кон противничкиот гол што им донесе предност во 12та минута. Минута подоцна екипата на Телеком успеа да постигне погодок за израмнување, по ова израмнување падна концентрацијата кај екипата на Систина и до крајот на полувремето успеаа да примат уште два погодоци и на полувремето да се замине со 3-1 за Телеком. Во вториот дел се започна со висок ритам на игра екипата на Систина се префрли во противничкото поле вршејќи притисок со цел да го намали водството од полувремето, што им успеа во 26та минута со одличниот погодок на Димковски, а во 32та минута успеаа да ја анулираат предноста на Телеком. Последните неколку минути беше вистинска бркотница на теренот во која ниту една од екипите не успеа да направи разлика за победа. Крај 4-4.