Позната тенисерка губи 3 милиони долари поради екцесот со бебешки плач

За време на исклучително напорниот дуел меѓу најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка и Британката со романско потекло Ема Радукану, кој Белорусинката едвај го доби после повеќе од три часа тенис, се случи еден мал гаф. Имено некоја мајка дошла со бебе на трибините а бебето во неколку наврати заплакало. Радукану се побунила а главната судијка сурово и одговорила: „Да не сакаш да го исфрлам бебето надвор“?

Epa images
Epa images
Фото: Epa Images

Краткиот разговор меѓу Ема Радукану и судијката на мечот од Отвореното првенство на Синсинати отвори големи дискусии. Некои се на страна на младата и харизматична тенисерка и прашуваат 'каква е таа мајка што дошла со бебе на тенис на 50 степени преку ден'?

На крајот Сабаленка славеше со 2-1 по сетови 7:6, 4:6, 7:6.

Ема Радукану, според податоците на WTA (женска тениска асоцијација) одиграла 65 натпревари по нејзината прва историска победа на Отвореното првенство на САД на само 18 години кога стана светска сензација и само три пати била прекинувана при сервис или размена на удари од публиката.

Сега медиумите од САД пишуваат, а британските пренесуваат дека гигантот Toys R Us решил да го раскине договорот со познатата тенисерка. Брендот наводно разгледува раскин на договорот поради барањето на Радукану од судијката да го истера бебето кое плаче за време на дуелот.

Радукану и претходно изгубила 3 милиони фунти вреден годишен договор со Водафон поради пропаднати преговори со оваа фирма-гигант.

Таа годишно заработува околу 4,5 милиони фунти, односно околу 5,7 милиони долари од спонзорски договори.

13 август 2025 - 12:42