Арманд Мондо Дуплантис со светски рекорд број 13

Веќе се не добројуваат рекордите на шведскиот феномен. Беше само прашање на време кога ќе тргне и ќе стигне до висина од 6,29 метри.

Летечкиот Швеѓанец постави нов светски рекорд во скок со стап, и со тоа по 13 пат ја менува висината во оваа атлетска дисциплина.

Дуплантис скокна 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта и по неполни два месеци го собори личниот и светски рекорд кој го постави претходно во Стокхолм.

Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку 6 местри (6,13 м во Острава, Чешка, 6,00 м во Јуџин, Орегон и 6,05 м во Монако).

Двократниот олимписки првак до овој скок стигна во вториот обид на оваа височина.

Тој ја забележа својата 33-та победа и е непоразен од Монако на 21 јули 2021 година.

13 август 2025 - 07:46