Почна во 2020-та со 6,17 и сантиметар по сантиметар не застана со прогрес во височините. Само во последните 12 месеци по четврти пат успева да си го урне личниот рекорд.
Арманд Дуплантис ги држи последните 9 светски рекорди во дисциплината скок со стап. 9 рекорди - 9 сантиметри во 4 години или на секој рекорд по 1 сантиметар повисоко. И м п р е с и в н о.
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, кого го нарекуваат Сергеј Бубка на нашето или модерното време, едноставно држи монопол на рекордите во дисциплината скок со стап.