Дуплантис е уникатна спортска појава, 14-ти пат го руши светскиот рекорд

Почна во 2020-та со 6,17 и сантиметар по сантиметар не застана со прогрес во височините. Само во последните 12 месеци по четврти пат успева да си го урне личниот рекорд.

Foto: EPA

Арманд Дуплантис е неверојатен лик во светот на атлетиката за кој отворено може да се зборува дека е еден од најдоминантните спортисти на сите времиња.

На Светското првенство во атлетика во Токио, во дисциплината скок со стап, успеа да стигне до светски рекорд број 14 .

Шведскиот ас скокна 6,30 метри, доволно за светска титула. Втор заврши Гркот Емануел Каралис кој скокна точно 6 метри, а трет на подиумот се искачи Австралиецот Куртис Маршал со 5,95 метри.

Ова беше негов 14-ти светски рекорд во кариерата, трет само оваа година и четврти во последните 12 месеци. 

Со овој триумф, тој го освои и своето трето светско злато на отворено по ред, доминација каква што не е видена во историјата на спортот.

Дуплантис е сè поблиску до единствениот човек со кој може да се споредува, а тоа Сергеј Бубка. Легендарниот Украинец постави неверојатни 35 светски рекорди и беше првиот човек кој ги прескокна границите од 6 и 6,10 метри.

16 септември 2025 - 07:55