Шведскиот скокач со стап постави нов светски рекорд и овој пат успеа да го грабне златниот медал, вадејќи го најдобро од себе во кариерата.
Скокна 6,10 метри и постави нов олимписки рекорд, а во третиот обид успеа да скокне 6,25 и да го запише новиот светски рекорд.
Тоа е практично еден сантиметар повисоко од неговиот најдобар резултат пред да пристигне во Париз.
За него не постои сериозна конкуренција за златниот медал ако се знае дека на втората позиција Сем Кендрикс од САД скокна со резултат од 5,95 метри, додека трет заврши Гркот Емануил Каралис со 5,90 метри.
24 годишниот атлетичар предизвика ново воодушевување кај своите навивачи и уште еднаш ја потврди доминацијата во скок со стап, после златните медали во Токио 2020, Светското во Будимпешта 2023 и Европското во Рим 2024.
Armand Duplantis celebrating winning gold in the men’s pole vault by imitating the GOAT Yusuf Dikeç 🐐😂#Paris2024 pic.twitter.com/G6UlLu1azv
— Eurosport (@eurosport) August 5, 2024
Congratulations Duplantis 🇸🇪🇹🇷 pic.twitter.com/VgtsuBC43L
— Yusuf Dikec (@yusufdikec) August 5, 2024