Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на отворено, откако блесна на митингот во Стокхолм од Дијамантската лига и скокна 6,16 метри.
Со овој подвиг тој го подобри претходниот личен и светски рекорд од еден сантиметар помалку, остварен во Рим во 2020-та.
Швеѓанецот има само 22 години, а зад себе веќе има два златни медали освоени на Олимпијада и Европско првенство, како и сребро на Светско.
За него годинава ова е втор светски рекорд во скок со стап. Претходно во Белград во март месец, постави светски рекорд во сала со скок од 6,19 метри.
Дуплантис ги урна сите рекорди на Сергеј Бубка. Легендарниот Украинец кој доминираше во 90-те, го држеше светскиот рекорд од 6,14 метри.
Следниот предизвик за шведскиот атлетичар е Светското првенство во Јуџин, САД кое ќе се одржи од 15 до 24 јули.