Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис на митингот во Белград го урна светскиот рекорд во дисциплината скок со стап, со што испиша нова страница во историјата на атлетиката.
Како олимписки и европски шампион, тој во повеќе наврати се обидуваше да ја прескокне границата која ја постави пред две години и конечно стигна до нов светски подвиг од 6.19 метри.
Сопствениот рекорд од Глазгов го сруши за еден сантиметар, а со тоа ги надмина сите рекорди на легендарниот Украинец, Сергеј Бубка.
Дуплантис има само 22 години, а зад себе веќе има два златни медали освоени на Олимпијада и Европско првенство, како и сребро на Светско.
„Долго се обидував да ја надминам границата и пресреќен сум што успеав во тоа. Обично не ги вежбам највисоките скокови, но само една работа ми беше во глава откако дојдов тука. Сакав да поставам нов рекорд во Белград и ја поместив границата. Имам чувство дека можам многу повеќе и дека можам да скокнам и повисоко. Ова е само почеток“, изјави шведскиот атлетичар.
Armand Duplantis broke World record in Belgrade! #athletic #duplantis pic.twitter.com/JTWwyrzSkO
— Nemanja Stanojcic (@Awax92) March 7, 2022
WORLD RECORD! 🔥🔥🔥
— European Athletics (@EuroAthletics) March 7, 2022
Armand Duplantis clears 6.19m in Belgrade!#WorldIndoorTour pic.twitter.com/HOd4Wmed66