Неверојатното достигнување на легендарниот Сергеј Бубка, кој на 21 февруари 1993-та година скокна 6,15 метри во салата „Дружба“ во Доњецк, подвиг кој речиси 21 година никој не можеше да го достигне, но на 15 февруари 2014-та го престигна Французинот Рено Лавилени кој скокна фантастични 6,16 метри на истото место.
Од 2000-та година Меѓународната атлетска федерација воведе правила за заедничко сметање на рекордите во затворен простор - сала и отворени места - стадион и практично ги обедини.
А дојде и денот кога овие рекорди беа срушени и се постави нов светски рекорд.
Јавноста и љубителите на атлетиката и скокови во вис чекаа до 8 февруари 2020-та година, кога младиот Арман Дуплантис леташе „авионски“ високо како никој и никогаш претходно.
„Клубот 6 метри е елита“, коментираа коментаторите во преносот.
Сергеј Бубка прв ја надмина надреалната граница од 6 метри скок во висина а од тогаш само 23 спортисти успеале во ова.
Дуплантис има 20 години а веќе е освојувач на сребрен медал од Светското првенство 2019 година и Европски шампион од 2018-та. Неговите резултати се подобри од година во година, така што неговиот рекорд меѓу познавачите на материјата, не е големо изненадување.
На отворени стадиони, Дуплантис има личен рекорд од 6,05 метри а само двајца актуелни скокачи ја престигнале оваа висина: Французинот Лавилени (исто личен рекорд) и Американецот Сем Кендрикс (скокнал 6,06 метри).
„Сонувам за овој подвиг од три години. Ова е голема година и одличен почеток на истата“, рекол Дуплантис кој ќе се обиде да го повтори или урне рекордот на Олимпијадата 2020 во Токио.