Дуплантис, празно место од 15 см, па сите други

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Шведскиот ас го освои Европскиот шампионат во скок со стап во Бирминген и стигна до четвртото европско злато по Берлин 2018, Минхен 2022 и Рим 2024 година.

Дуплантис првично го израмни рекордот од 6,10 метри, а потоа во следниот обид постави нов рекорд од 6,15 метри.

Најблиску до него беше Гркот Емануел Каралис, кој го обезбеди сребрениот медал со висина од 6,00 метри, што е негов втор последователен медал на ЕП, додека Французинот Тиери Батист освои бронза со резултат од 5,85 метри.

Неприкосновениот Дуплантис во март годинава постави нов шампионски рекорд на Светското првенство во атлетика во сала, откако стана првиот човек што освоил четири последователни светски титули во скок со стап.

17 август 2026 - 08:44